Средба на амбасадорот Јан Коп со Лога: Холандија ги поддржува реформите во правосудството

-

Министерот за правда Кренар Лога денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Дирк Јан Коп, информираат од Министерството за правда.

Министерот Лога му се заблагодари на амбасадорот Јан Коп за интензивната соработка и посветеноста на европската реформска агенда, како и помошта која е дадена преку проектите кои се финансирани од Холандија, а се однесуваат на квалитетот и отчетноста на македонскиот правосуден систем, зајакнување на отчетноста, ефикасноста и транспарентноста на Судскиот совет, поддршка на Академијата на судии и јавни обвинители, владеење на правото, слободата на медиумите и заштитните мерки против корупцијата.

На средбата се разговарало за финализирањето на изработката на новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027, подготовката на новиот Кривичен законик, скринингот како и зајакнување на капацитетите за водење на преговорите во Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права”.

Амбасадорот Јан Коп изрази интерес за иницијативата за подготовка на нов Изборен законик. Министерот Лога информираше дека работната група не може да отпочне со работа поради фактот што ВМРО-ДПМНЕ не предлага свој член и покрај неколкуте барања за номинација на нивен претставник.

Во однос на најавата за отпочнување на ветингот, министерот за правда Кренар Лога рече дека овој процес не може да се реализира ако нема поддршка од САД и ЕУ.

Амбасадорот Дирк Јан Коп му посака на Лога успех во извршувањето на функцијата министер и порача дека Холандија и во иднина ќе реализира проекти во областа на правосудството, давајќи поддршка на затворскиот систем, Јавното обвинителство, Судскиот совет, како и поголема примена на медијацијата во нашата земја.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...