Објавена листата на експерти кои ќе ги подготвуваат уставните измени

Маргарита Цаца Николовска, Ана Чупеска, Бајрам Положани, Беса Арифи и Сали Мурати се дел од експертите во работната група, а од Министерството за правда велат дека списокот ќе се дополнува

-

Министерството за правда ја објави листата експерти во работната група за уставните измени. Од Министерството велат дека во наредниот период списокот ќе се дополнува и со други членови кои треба да дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.

Засега, работната група ќе биде составена од следните експерти:

  • Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд
  • Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур
  • Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право
  • Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд
  • Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ
  • Ана Чупеска – професор на на Правен факултет ,,Јустинијан Први”
  • Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”
  • Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ
  • Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански универзитет
  • Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја

Ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.

До министерот за правда Кренар Лога до истекот на рокот (10.04.) пристигнаа предлозите за членови во работната група од повеќе политички партии и од институции, а опозициските партии најавија дека нема да делегираат свои членови во работната група. СДСМ ја кандидираше Цветанка Иванова, предлог на ДУИ е Арбер Адеми, Алијанса на Албанците се одлучи за Ремзи Мехмеди, НСДП ќе биде застапена во работната група преку Соња Мираковска, а Нано Ружин е номиниран од страна на ЛДП. ДОМ за свој член во комисијата ја предлага Христа Најданов, а Темелко Ристески ќе учествува како претставник на Партијата на пензионери. Раметула Куќи е предлогот на ДПА, Еран Куртиш на Партијата за движење на Турците, а Бејџан Илјас- на Демократска партија на Турците.

Како што информираше Министерството за правда, до нив се пристигнати и неколку предлози од институции и тоа Александар Спасов, од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерство за надворешни работи.

Откако ќе се подготват уставните измени, предлогот треба да ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно, како што велат од Министерството за правда, ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела изјави дека Бугарите во македонскиот Устав можат да бидат впишани единствено како дел од бугарскиот народ и никако поинаку, отфрлувајќи ја можноста формулацијата „македонски Бугари“ да влезе во Уставот.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...