Работната група за уставни измени го усвои Деловникот, не се предвидени други интервенции во Уставот

Претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска ја отфрли можноста работната група да расправа за други интервенции во Уставот, пред сè оние што се однесуваат на јазиците на другите етнички групи и на формулацијата „20 проценти“

-

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од уставни измени со кои Бугарите и другите народи треба да бидат вметнати во Уставот денеска едногласно го усвоила Деловникот за работа.

Претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска ја отфрли можноста работната група да расправа за други интервенции во Уставот, пред сè оние што се однесуваат на јазиците на другите етнички групи и на формулацијата „20 проценти“, како што бараа дел од албанските политички партии.

„Мандатот на членовите на работната група не е неограничен, туку е во насока на европскиот предлог за продолжување на евроинтегративниот процес, во насока на решението на министерот, кое, пак влече од заклучоците на Собранието и меѓународно преземените обврски на државата“, рече Цаца Николовска, појаснувајќи дека надлежноста на групата е да направи драфт на нацрт-документот и да го достави до предлагачот, кој потоа ќе го достави до Собранието.

Таа рече дека во наредните два дена Деловникот ќе биде објавен на станицата на Министерството за правда и јавноста ќе може да го оцени.

„Јас го оценувам како добар, го оценувам како основа која дава можност за сè она што треба ние понатаму да работиме без да влегуваме во некои дискусии кои што ќе ја одолговлекуваат работата, а немаме многу време. Ние немаме зацртано некои рокови, меѓутоа она што е важно, треба да се имаат предвид апсолутно сите оние можности што треба да ги искористиме за меѓународната заедница да продолжи да работи согласно нејзината агенда во која што ние влегуваме“, рече Цаца Николовска.

Групата ќе се состанува еднаш неделно, а одлуките ќе се носат со мнозинство од вкупниот број членови. Наредната седница е закажана за 26 мај.

Работната група има 23 членови од кои 10 се од редот на експертите, 10 се предлози на политички партии и 3 членови се од институции – Кабинет на претседател на РСМ, Министерство за надворешни работи (МНР) и Секретаријат за европски прашања (СЕП).

Откако ќе се подготват уставните измени, предлогот треба да ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно, како што најавија од Министерството за правда, ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...