Ќе се работи на нов Изборен законик и исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и по последните локални избори од 2021 година побара суштински реформи во однос на изборното законодавство

-

Министерството за правда денеска информираше дека е формирана работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Паралелно со ова, од министерството велат дека ќе се работи и на нов Изборен законик.

„Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес. Претседател на работната група ќе биде Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК“, стои во соопштението на Министерството за правда.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и по последните локални избори од 2021 година побара суштински реформи во однос на изборното законодавство. И Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на земјава во 2021 година посочи дека неопходно е целосно исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Од друга страна, постојниот Изборен законик беше во два наврата изменет во текот на 2021 година.

„Реформите во изборното законодавство треба да продолжат за да се одговори на преостанатите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија, вклучително и усогласувањето на Изборниот законик и другите релевантни закони“, беше наведено во Извештајот за напредокот на земјава на ЕК за 2021 година.

Пред неколку дена, министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за формирањето на работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, како и иницијативата за нов Изборен Законик.

Лога и пред еден месец во свое обраќање ги повика сите политички партии со консензус да го донесат новиот Изборен Законик во Собранието. Тој рече дека политичките партии треба да седнат на иста маса со цел да се најде модел по кој ќе се пристапи кон изготвување на нов Изборен законик и да се постигне консензус за одредени прашања кои имаат политичка конотација, затоа што тоа е и препорака дадена од Венецијанската комисија.

Според неговото укажување, Изборниот законик треба да стапи на сила најмалку шест месеци пред изборите, за да можат институциите да се подготват непречено да ги спроведуваат промените. Инаку, редовниот термин за одржување на парламентарни и претседателски избори е токму наредната година.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...