fbpx

Порталб: Препораките на ОБСЕ/ОДИХР остануваат неисполнети

-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР остануваат неисполнети, измените на Изборниот законик се усвоени во последен момент без широка дебата и консултации, а застапеноста на жените на листите за градоначалници и советници на локалните избори во 2021 година е незадоволителна. Ова се дел од забелешките кои беа нагласени во последниот извештај на ЕУ за напредокот на Северна Македонија, пишува Порталб.мк.

Од вкупно 299 кандидати за градоначалник, се наведува во извештајот, 8 отсто се жени. Жените сочинуваат околу 45 проценти од сите кандидати за советници и се носители во 111 кандидатски листи (19 отсто).

ЕУ бара да се направат дополнителни напори за решавање на проблемите поврзани со Избирачкиот список: недостаток на стандардизација на податоците и усогласување и интероперабилност меѓу институциите.

„Ограничен напредок е постигнат во адресирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија. Како што беше споменато во претходниот извештај, сеопфатниот преглед на изборното законодавство и донесувањето на соодветните закони треба да се финализираат навремено, сеопфатно и транспарентно. Државните институции и органи, особено Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија, треба да вложат дополнителни напори за систематско подобрување на точноста на избирачките списоци“, се вели во извештајот.

Во однос на изборите, во извештајот се наведува дека правната рамка останува во голема мера погодна за организирање на демократски избори, но дека ЕУ бара целосен одговор на сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и да се продолжи со сеопфатните реформи на Изборниот законик.

„Изборниот законик беше изменет два пати во 2021 година. Во април 2021 година беа усвоени измени за донесување одредби за биометриска идентификација на гласачите. Во септември 2021 година, Собранието повторно го измени Изборниот законик, со мнозинство гласови. Некои амандмани имаа за цел да се адресираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, вклучувајќи го постојаниот состав и мандатот на ДИК, заштитните мерки од злоупотреба на јавните ресурси, медиумските кампањи и роковите за поднесување и разгледување приговори. Сепак, промените во законодавството во последен момент доведоа до неизвесност. Реформите во изборното законодавство треба да продолжат за да се одговори на преостанатите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија, вклучително и усогласувањето на Изборниот законик и другите релевантни закони“, се вели во извештајот на ЕУ.

Собранието на Северна Македонија на 15 септември, околу 12 дена пред почетокот на кампањата како и еден месец пред изборите, на итна седница ги усвои предложените законски измени.

Во однос на работната група за измени во Изборниот законик, Европската Унија го потенцира фактот дека работата на групата се одвивала без како што велат, „важно учество на политичките партии“. Забелешката доаѓа со оглед дека во оваа група немаше албански партии и сé беше решено по средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Работната група за изборни реформи се состана неколку пати, но уште ги нема финализирано сеопфатните законски измени во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Работата на групата беше спроведена без учество на важни политички партии“, се вели во извештајот.

Според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, измени не треба да се прават најмалку шест месеци до една година пред избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...