Гир: За пристапниот процес во ЕУ мора да има согласност меѓу партиите

-

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска изјави дека за пристапниот процес во ЕУ мора да има согласност меѓу сите политички партии во земјава, како одговор на новинарско прашање во врска со фотографијата што се појави од опозицискиот лидер Христијан Мицкоски како влегува во седиштето на ЕУ-инфо центарот во Скопје.

„Секако одржуваме добри контакти со сите партии кои тврдат дека се посветени кон европската иднина на оваа земја со оглед на тоа дека реформите зависат од соработката меѓу поделените страни. Нема да навлегувам во детали“, изјави евроамбасадорот Гир, додавајќи дека на сите дискусии секогаш кажуваат дека стратешки интерес на ЕУ и на земјава е нејзиното побрзо приклучување кон Унијата.

Тој додаде дека реформите треба да напредуваат брзо во земјава, оценувајќи дека има напредок во некои области и институции.

Сепак, Гир дополни дека суштински елемент во пристапувањето на една земја во ЕУ се реформите во правосудството и владеењето на правото. Евроамбасадорот нагласи дека реформите во правосудството се тековен процес што мора да се движи напред, при што ЕУ го следи развојот во секоја фаза од самото отворање на преговорите до приклучувањето на земјата, во делот на правосудните реформи и владеењето на правото.

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Со скромна церемонија, oпштина Чаир денескa во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот...