понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: владеење на правото | 38 резултати

Десет милиони евра поддршка од ЕУ за Македонија за владеење на правото

септември 21, 2023

Поддршка од десет милиони евра во наредниве три години ќе обезбеди Европската Унија за проект за владеење на правото во земјава. Експерти од ЕУ ќе помагаат директно на македонските институции за подобрување на неколку компоненти кои низ годиниве се покажале како најранливи, односно најподложни на корупција. Со европскиот проект, чија цел е зајакнување на владеење […]

Извештај за владеење на правото во ЕУ 2023: 65% од минатогодишните препораки во реализација, 35% не почнале да се реализираат

јули 24, 2023

Извештајот на ЕК за владеењето на правото во 2023 година го доживува своето четврто издание. Тој станува една од воспоставените практики во Унијата, иако е сѐ уште „во изградба“ и секоја година има некои новини. Сепак, ќе биде потребно повеќе време да се оцени неговата ефикасност како еден од инструментите за унапредување на владеењето на […]

Граѓаните немаат доверба во владеењето на правото, покажа новата анкета на ИРИ

јули 10, 2023

Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија покажува зголемена поддршка за членство во ЕУ, ниско ниво на доверба во владеењето на правото и разлики за правецот на движење на локално и национално ниво. На прашањето дали ја поддржуваат интеграцијата на земјата во ЕУ, 79 отсто од возрасните […]

Гир: За пристапниот процес во ЕУ мора да има согласност меѓу партиите

март 22, 2023

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска изјави дека за пристапниот процес во ЕУ мора да има согласност меѓу сите политички партии во земјава, како одговор на новинарско прашање во врска со фотографијата што се појави од опозицискиот лидер Христијан Мицкоски како влегува во седиштето на ЕУ-инфо центарот во Скопје. „Секако одржуваме добри контакти […]

Граѓанското општество е од суштинско значење за напредно општество со помалку проблеми (ВИДЕО)

август 30, 2022

Само активно и упорно граѓанско општество е најдобриот коректор на погрешните и лошите политики за напредокот на државата. Затоа граѓанското општество треба да работи што е можно повеќе за да ги држи институциите одговорни и отчетни пред граѓаните. Ова се главните заклучоци што произлегоа од активностите на проектот на УСАИД за граѓанско учество во Северна […]

Новата амбасадорка на САД во земјава Агелер ќе помогне во борбата против корупцијата

јули 29, 2022

Новата амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агеле, која е номинирана од претседателот Џо Бајден, денеска имаше сослушување во Сенатската комисија за надворешни работи, на која изјави дека ќе ѝ помогне на Северна Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери, пренесува Гласот на Америка на македонски […]

Фридом Хаус: Македонија со иста оценка како лани, во Западен Балкан владеат хибридни режими

април 20, 2022

Според најновиот извештај на невладината организација Фридом Хаус насловен „Држави во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“ во кој е анализирана состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција, Северна Македонија останува во категоријата „хибриден режим“ со истата генерална оценка како лани од 3,82, на скалата од еден до седум, каде еден […]

Европската комисија почнува истрага за владеењето на правото против Унгарија

април 6, 2022

Европската комисија ќе почне правна истрага против Унгарија, со која ќе се испитува владеењето на правото во оваа членка на ЕУ и која што би довела и до парични казни, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во Европскиот парламент, известува „ЕУОбсервер“. Тоа ќе биде првпат извршната власт на ЕУ да прибегне кон […]

Судот пресуди: ЕУ може да им крати средства на Унгарија и Полска ако го кршат владеењето на правото

февруари 16, 2022

Европскиот суд на правдата ги отфрли жалбите на Унгарија и Полска кон правото на ЕУ да им ги скрати средствата на земјите-членки коишто ги кршат владеењето на правото и демократските стандарди, јавува Би-Би-Си. Станува збор за милијарди евра од европските фондови, коишто им се достапни на Унгарија и Полска, а за кои судот пресуди дека […]

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

јуни 16, 2021

Хелсиншкиот комитет реагира на повторното одложување на рочиштето во судскиот процес за малата Тамара, која почина пред шест години, а постапката против обвинетите трае две години и 11 месеци и предметот сè уште ја нема добиено својата завршница. Од Хелсиншки напоменуваат дека правичното судење во разумен рок е еден од фундаменталните услови за задоволување на […]

За европеизацијата и деевропеизацијата

ноември 19, 2020

Во сложени времиња ќе си дозволиме да користиме сложени зборови. Токму таков се чини поимот на европеизација, кој некако сѐ поретко го слушаме последниве години. Сепак, теоријата не мирува, па на „европеизација“ му додаде и негов антипод „деевропеизација“. Дефиницијата на европеизацијата на Радаели од 2003 година, е прифатена во теоријата како ретко која друга. Еве […]

За врската меѓу Ковид-19 и владеење на правото во ЕУ

ноември 4, 2020

Во јули Европскиот совет зазеде став дека ќе се воведе режим на условеност за да се заштитат средствата од фондот „Нова генерација ЕУ“ за санирање на последиците од Ковид-19, со кој мерките за утврдените прекршувања треба да се усвојуваат со квалификувано мнозинство. Она што громогласно беше најавувано е дека условеноста треба да се однесува на […]

Први извештаи за владеење на правото внатре во ЕУ: не за утеха, туку за пример

октомври 21, 2020

Во државите кои пристапуваа во ЕУ често се знаеше да се каже дека ЕУ применува двојни, па и тројни стандарди – едни кои важат за неа, а други за оние што пристапуваат, со разлики и меѓу нив. Факт е дека Европската унија, во рамките на нејзината политика на условеност, е многу поамбициозна кога ги поставува […]

Судството добива двојно помалку средства отколку што е предвидено со закон (инфографик)

јануари 31, 2020

Судската власт, како еден од трите независни столба на власта во едно демократско општество, покрај извршната (владата) и законодавната (собранието), треба да има финансиска самостојност за да може да работи ефикасно и целосно независно. Износот на средствата кои македонското судство ги добива при распределбата на државниот буџет од страна на извршната власт е повеќе од […]

Добро екипирана јавнообвинителска служба е предуслов за независно и ефикасно јавно обвинителство (инфографик)

јануари 10, 2020

Јавнообвинителскиот систем на Република Северна Македонија не може да функционира ефикасно и независно без добро екипирана, професионална и компетентна јавнообвинителска служба. Оваа служба, според закон, треба да ја сочинуваат стручни службеници, потоа истражители за криминални дејствија, и технички и помошен кадар. Функционалната анализа на јавнообвинителскиот систем на Република Северна Македонија изработена како дел од проектот […]

Може ли Специјалниот суд да го покрие неуспехот на СЈО?

септември 21, 2019

Доцна е во Македонија да се формира Специјален суд. Неуспехот на Специјалното јавно обвинителство ја продлабочи недовербата на граѓаните во судскиот систем, која може да се врати само преку реформи на институциите, првично на правосудството, но и со почеток на преговорите со Европската унија. Ова го велат за „Порталб.мк “ правниот експерт Насер Зибери и експертот […]

ЕП: Да се засили независноста на судството и да продолжи борбата против перењето пари

ноември 29, 2018

Во денешната резолуција за Македонија подготвена од специјалниот известувач за земјава, Иво Вајгл, Европскиот Парламент (ЕП) оценувајќи ја ситуацијата во земјава порача дека мора да се почитува Договорот од Преспа, но и да се прави подобра заштита на судството од политичките влијанија и да се решат преостанатите прашања од областа на владеењето на правото, соопшти […]

Коцијанчич: Европската Унија не сака да се меша во случајот со Никола Груевски

ноември 16, 2018

Европската Унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и со неговото барање политички азил во Унгарија – изјави портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич, за „Пресинг ТВ“. Коцијанчич вели дека „ова е случај кој не смее да се политизира“. – Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. […]

Прибе: Сите ресурси и сили во Македонија треба да бидат насочени кон владеење на правото

јуни 5, 2018

Немам детален увид во она што се случуваше, што е направено во текот на изминатите две години по однос двата извештаја што ги изготвивме како експертска група, оние од 2015 и од минатата година. Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија укажува на значаен напредок во одредени области, но постојат и доста области каде уште […]

Јанева до Столтенберг: Работата на СЈО е важна за членството на Македонија во НАТО

јануари 18, 2018

Специјалното јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото како еден од клучните предуслови за членство на Македонија во НАТО, истакнала специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во рамките на неговата посета на земјава, соопштија од СЈО. Јанева на Столтенберг му подарила значка […]

Страна 1 од 2