fbpx

Европската комисија почнува истрага за владеењето на правото против Унгарија

-

Европската комисија ќе почне правна истрага против Унгарија, со која ќе се испитува владеењето на правото во оваа членка на ЕУ и која што би довела и до парични казни, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во Европскиот парламент, известува „ЕУОбсервер“.

Тоа ќе биде првпат извршната власт на ЕУ да прибегне кон ваков чекор против членка на Унијата од стапувањето на сила на новата легислатива во јануари 2021 година.

Лејен, првиот човек на Европската комисија, соопшти и дека еврокомесарот за буџет Јоханес Хан вчера ја известил унгарската власт дека писмо за почнување на тн. „условен механизам“ ќе им биде испратено наскоро. Сепак, за тоа да се случи, треба да реши „колеџот на комесарите“ на ЕУ.

Инаку, Европската комисија во ноември испрати писма до Полска и Унгарија со прашања за независноста на правосудството и корупцијата.

„Внимателно ги разгледавме прашањата и нашиот заклучок е дека мора да одиме на следниот чекор“, рече дер Лејен пред парламентот во Стразбур во однос на покренувањето на механизмот против Унгарија.

Таа не спомена покренување мерки против Полска.

Најавата стигна два дена откако партијата „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан на парламентарните избори во Унгарија во неделата по четврти пат едноподруго освои двотретинско мнозинство во парламентот.

Покрај загриженоста за корупција и измами при трошењето на европските пари во Унгарија, една од причините е и назадувањето на демократијата во оваа земја во текот на мандатите на Орбан.

Европскиот суд на правдата во февруари на Европската комисија ѝ даде зелено светло за сврзување на фондовите на ЕУ со принципот за владеење на правото, во случај на директна поврзаност со користењето на субвенциите од ЕУ.

Сепак, Комсијата предводена од дер Лејен не брзаше да го примени механизмот во текот на изборната кампања во Унгарија, загрижена дека тоа може да се смета за вмешување во изборите, коментира „ЕУобсервер“.

Пратениците во Европскиот парламент дури почнаа и постапка да ја изведат Комисијата пред судот поради недејствување, а и потоа продолжија да вршат притисок за официјално да се преземе за првпат чекорот за контролирање на власта во Будимпешта.

Како што објаснува „Еуобсерсер“, сега во Будимпешта треба да пристигне писмото од Европската комисија, а потоа да се почека на одговорот од унгарската власт. Ако Комисијата е незадоволна од одговорот што ќе стигне од владата на Орбан, би можела да предложи санкции, меѓу кои и сопирање на ЕУ фондовите.

Таквата одлука бара најмалку 15 од вкупно 27 земји-членки на ЕУ да се изјаснат „за“. Претворено во проценти, тоа би значело согласност од претставниците на најмалку 65 отсто од вкупното население на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...