Новата амбасадорка на САД во земјава Агелер ќе помогне во борбата против корупцијата

Новата амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агеле, која е номинирана од претседателот Џо Бајден, денеска имаше сослушување во Сенатската комисија за надворешни работи, на која изјави дека ќе ѝ помогне на Северна Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

„САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето“, рече Агелер.

Таа додаде дека ќе работи на поддршка на економската иднина на Северна Македонија преку политики за зајакнување на нејзината инвестициска клима, зајакнување на инфраструктурата, подобрување на енергијата, различноста и безбедноста, и на градење отпор на малигни надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина.

Агелер, исто така, рече дека САД ја поддржуваат Северна Македонија во нејзината долготрајна цел за пристапување во ЕУ.

На прашањето од сенаторот Бен Кардин, што ќе преземе во однос на енергетската ситуација и предизвиците со владеење на правото во Северна Македонија, Агелер рече дека двете се критично важни во моментов, особено ако го земеме фактот дека пред само 12 дена, Парламентот на Северна Македонија ги усвои потребните предлози за почеток на пристапувањето во ЕУ за прифаќање на францускиот предлог за тоа пристапување.

„Северна Македонија е на работ да прогласи енергетска криза од август поради нивната зависност во голема мера од рускиот гас“, рече таа додавајќи дека „има голем број иницијативи за чиста енергија кои ќе им помогнат да се оддалечат од зависноста од Русија.

Таа додаде и дека ќе помогне во земјава да се направат реформи во владеењето на правото.

Според неа, САД и Северна Македонија треба да продолжат тесно да соработуваат во одговорот на заканите за безбедноста и меѓународниот поредок, по инвазијата на Русија на Украина.

Напишете коментар

Внесете го вашиот коментар
Please enter your name here