Судот пресуди: ЕУ може да им крати средства на Унгарија и Полска ако го кршат владеењето на правото

-

Европскиот суд на правдата ги отфрли жалбите на Унгарија и Полска кон правото на ЕУ да им ги скрати средствата на земјите-членки коишто ги кршат владеењето на правото и демократските стандарди, јавува Би-Би-Си.

Станува збор за милијарди евра од европските фондови, коишто им се достапни на Унгарија и Полска, а за кои судот пресуди дека самата Европска Унија има овластувања за нивното располагање.

Европскиот суд на правдата пресуди дека почитувањето на владеењето на правото е услов за членство во ЕУ, а ваквата пресуда доаѓа во услови кога Унгарија и Полска со години наназад се обвинувани за назадување на стандардите.

„Европските вредности, како што е владеењето на правото, го дефинираат самиот идентитет на ЕУ како правен поредок“, се наведува во изјавата на Европскиот суд на правдата по донесената пресуда.

Инаку, двете земји-членки подолго време беа под истрага од ЕУ за поткопување на независноста на судовите, медиумите и невладините организации. Ваквата судска одлука сега може да влијае на распределбата на милијарди евра меѓу членките на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката на Европскиот суд на правдата.

„Комисијата ќе го брани буџетот на Унијата од кршењето на принципите на владеењето на правото. Ќе дејствуваме одлучно“, кажа фон дер Лајен.

Наспроти неа, унгарските и полските власти денеска жестоко реагираа на ваквата пресуда на Европскиот суд на правдата.

Полскиот заменик-министер Јануш Ковалски ја обвини ЕУ дека се обидува финансиски да ги изгладни Полска и Унгарија.

„Ова е крај на ЕУ каква што ја знаеме! Мора да го браниме полскиот суверенитет“, изјави Ковалски.

Унгарската министерка за правда Јудит Варга ја обвини ЕУ за злоупотреба на моќта, додека владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ја оквалификуваше пресудата како политичка одлука.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...