fbpx

Граѓанското општество е од суштинско значење за напредно општество со помалку проблеми (ВИДЕО)

-

Само активно и упорно граѓанско општество е најдобриот коректор на погрешните и лошите политики за напредокот на државата. Затоа граѓанското општество треба да работи што е можно повеќе за да ги држи институциите одговорни и отчетни пред граѓаните.

Ова се главните заклучоци што произлегоа од активностите на проектот на УСАИД за граѓанско учество во Северна Македонија. Во рамките на одбележувањето на шестгодишнината од овој проект, се одржаа неколку панел дискусии, во кои учествуваше и една од трите партнерски организации, Фондацијата Метаморфозис, пишува Порталб.мк.

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, истакна дека преку овој проект последните шест години заеднички се инвестираше во зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество во Северна Македонија.

„Враќањето на оваа инвестиција даде многу важен придонес за главната цел на државата, а тоа е унапредување на правата. Заедно имплементиравме препораки за политики и законодавство поврзани со антикорупција и конфликт на интереси кои ги следат владините процеси, како и критериуми засновани на заслуги за одредени позиции. Исто така, ја покренавме и иницијативата Отворени градови, објавивме секакви податоци од институциите и им помогнавме на локалните самоуправи и на граѓаните да се вклучат во процесот на одлучување. Го направивме судскиот систем потранспарентен. Со нашите напори повеќе од 100 млади луѓе се оспособија да адресираат прашања што се однесуваат на јавни проблеми, преку наградите што беа доделени“, рече, меѓу другото, амбасадорката на САД, истакнувајќи дека е постигнат напредок, но дека има уште многу работа да се заврши и поради тоа ваквите активности треба да продолжат.

Фото: Фисник Џелили/Порталб, 29 август 2022 г.

Борбата против корупцијата, транспарентноста и отчетноста на институциите беа главните точки на кои Фондацијата Метаморфозис се фокусираше во текот на овој проект.

Извршниот директор на организацијата, Бардиљ Јашари, истакна дека довербата во институциите е многу важна и за да се зајакне треба да има соработка меѓу граѓаните и невладините организации за институциите да бидат отворени и транспарентни.

„Ова е суштинска компонента за владеење на правото. Затоа, повеќе се фокусиравме на мерење и следење на институциите и направивме индекс на транспарентност со повеќе индикатори за централните и локалните институции во РМВ, и не само што меревме колку се отворени, туку дадовме и конкретни препораки. Исто така, преку менторство, работевме со локалните и централните институции да преземат конкретни мерки за да бидат поотворени, граѓаните да имаат попрецизни информации и да ја зголемат довербата, а со тоа да ја засилиме демократијата воопшто. Работевме и сме при крај со Законот за отворени податоци, организиравме многу обуки за државните службеници на централно и локално ниво. Организиравме и хакатони. Сетам дека дигитализацијата игра важна улога во намалувањето и спречувањето на корупцијата, но тоа треба да се прави систематски и со план, на пример да се спречи човечка интервенција која може да ги корумпира процесите. Мора да се искористи политичката волја тие да се претворат во конкретни проекти, коишто нема да бидат ад-хок туку добро осмислени за потребите на граѓаните“, истакна Јашари.

Фото: Фисник Џелили/Порталб, 29 август 2022 г.

Од друга страна, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска рече дека во рамките на овој проект на УСАИД е овозможено да се реализираат низа активности во многу полиња и да се влијае на подобрување на системот воопшто.

„Со планот за работа, се вклучени и повеќе иницијативи кои се стратешки приоритети на нашата земја, а една од нив е подигање на колективната свест за спречување на корупцијата и за зајакнување на интегритетот и отчетноста во јавниот сектор. Транспарентноста и отчетноста претставуваат предизвик за доброто владеење и поради тоа притисокот институциите да имаат поголема одговорност е поголем, а причина повеќе за нив како ги трошат народните пари“, рече меѓу другото Грковска.

Марк Дитрих, потпретседател на East-West Management Institute (Институтот за менаџмент Исток-Запад), подвлече дека овој проект и покрај тоа што работел во динамични услови, како што се промената на името, членството во НАТО, пречките за отворање на разговорите за ЕУ, пандемијата и нов конфликт во Европа, се фокусирал на антикорупција, владеење на правото и унапредување на транспарентноста.

„Овие цели беа стабилни. Партнерите на проектот сега имаат вештини да им помогнат на владините институции да креираат решенија според потребите и можат одговорно да помогнат. Проектот работеше и директно со Владата на полето на антикорупцијата“, рече меѓу другото Дитрих.

А кога зборуваме за антикорупциската броба, шефицата на Државната комисија за спречување на корупцијата во земјава, Билјана Ивановска, споменувајќи дел од постигнувањата на проектот, истакна дека била адресирана потребата од изградба на систем за обука што може да се влијае во овој дел со кој би се работело со сите државни службеници во подигање на свеста за да се покаже важноста на интегритетот.

„Со помош на овој проект успеавме да го изградиме тренинг центарот, добивме техничка поддршка од проектот за обука на дваесет до триесет лица истовремено. Во меѓувреме соработувавме со Министерството за информатичко општество и администрација и се договоривме тие обуки да се организираат“, нагласи Ивановска.

Васка Цветаноска – Панова од Фондацијата Метаморфозис, специјалист за мониторинг и евалуација и комуникација со јавноста, ја претстави поддршката од Фондацијата Метаморфозис за 16 граѓански организации, за да придонесат повеќе во процесот на донесување одлуки.

Фото: Фисник Џелили/Порталб, 29 август 2022 г.

„Работевме заедно со нив на избор на предлозите. Имаме организации кои со својата експертиза и капацитети направија добри промени во овие шест години. Беа организирани 11 јавни дебати на кои беа споменати над 200 предлог проекти од граѓани и доставени до општините и општинските совети за потребите на граѓаните. Можам да кажам дека 45 отсто од тие иницијативи беа прифатени од општините, и беа вклучени како дел од годишните програми во буџетот. Според бројките, се работи за околу 467 милиони денари. Треба да се спомене и платформата која имаше физички пристап до правосудството, мониторинг на судски предмети каде активностите се одвиваа на ниво на територијата на целата држава, при што и покрај 1.200 судски предмети, некои од нив имаа добар исход. Беа мониторирани и 300 јавни тендери и преку овие активности беше даден преглед каде има недостатоци, и со ова беа поднесени 38 законски измени“, рече, меѓу другото, Цветановска – Панова

За достигнувањата и активностите на проектите зборуваа и од Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Центарот за граѓански комуникации, Националниот младински совет на Северна Македонија, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Здружението младинска алијанса.

Како заклучок на настанот, беше нагласено дека ова не треба да се гледа како крај, туку како нов почеток со соработници за други проекти за подобрување на овие услуги за граѓаните.

Инаку, Проектот за граѓанско учество ги поддржа граѓанските организации (ГО) и сојузите на ГО кои се фокусираат на приоритетните прашања што ги засегаат луѓето во Северна Македонија; им помогна да промовираат дијалог, организацијата на LEAD програмата (Води, ангажирај, дејствувај, развивај) која ќе ги опреми младите со што ќе им овозможи да работат во нивните заедници.

Проектот обезбеди можности за младите мажи и жени да учествуваат во јавниот живот и процесите на донесување одлуки за прашања кои ги засегаат нивните животи, нивните заедници и општеството во Македонија во целина.

Проектот беше реализиран во партнерство со три локални граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Сајбер шејк“ дебата: Со растот на моќта на компјутерите, дипфејк ќе стане секојдневие

Дипфејк ќе стане секојдневние. Со раст на моќта на компјутерите, алгоритмите се усовршуваат. Потребни се кампањи со кои ќе се едуцира населението да внимава кога консумира вести, а во...