сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Бардил Јашари | 50 резултати

Итно усогласување на регулаторната рамка на Балканот со Законот за дигитални услуги – клучно за борбата против дезинформациите

април 2, 2025

Недостигот од правни и институционални механизми за заштита на дигиталниот простор на Балканот го прави регионот ранлив на манипулации, дезинформации и странски влијанија. Додека Европската Унија со Законот за дигитални услуги (ДСА) воспоставува јасни правила за поголема транспарентност и одговорност на онлајн платформите, земјите од регионот сè уште немаат слична регулаторна рамка. Kолективната борба против […]

Дезинформациите ги поткопуваат темелите на демократијата – проверката на факти е клучна

април 2, 2024

Неопходно е да станеме посвесни за дезинформациите во нашите физички и дигитални светови. Дезинформациите ја рушат довербата во институциите и затоа е потребна перманентна борба против различните актери кои ги шират, а овде најважна улога имаат токму проверувачите на факти. Ова беа заклучоците од отворањето на денешната конференција насловена како „Бранејќи ја демократијата на Балканот: […]

„Метаморфозис“ на конференцијата „Сајбер зиро“ во Приштина

март 7, 2024

Јакнењето на регионалната кибер безбедност е цел кон која Фондацијата „Метаморфозис“ ги фокусира своите капацитети веќе подолго време. Ова го истакна извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари, кој присуствуваше на на конференцијата „Сајбер зиро“ (Cyber Zero), што се одржа во Приштина од 4 до 5 март. Настанот кој беше организиран од албанската асоцијација за кибер […]

Не можеме да ги елиминираме дезинформациите, но можеме да се бориме против нив

декември 17, 2023

Дезинформациите и лажните вести ја искривуваат реалноста, тие имаат и негативни последици и влијанија врз општеството. Меѓутоа, со вистинско новинарство и свесно општество кое знае да ги препознае лажните вести, борбата против дезинформациите е полесна. Ова, меѓу другото, беше истакнато на регионалната конференција „Лажните вести – искривување на реалноста“ која се одржа денес во Тетово […]

Метаморфозис и НОВА заеднички ќе работат на подигање на нивото на медиумска писменост на учениците

ноември 22, 2023

Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“ и Меѓународните училишта НОВА започнуваат соработка со цел заеднички да ја унапредат медиумската писменост на учениците и да го подигнат нивото на свесност за улогата на дигиталните медиуми денес. За таа цел, директорот на Меѓународните училишта НОВА, Иван Новаковски, и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, потпишаа меморандум […]

Борбата против дезинформации бара партнерство меѓу институциите и граѓанското општество

јуни 20, 2023

Електронските дезинформации се шират и никој не е имун на нив. Тие се закана за општествата. Борбата против дезинформациите бара партнерство меѓу институциите и граѓанското општество. Oва беше истакнато на денешната конференција „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“, која ја организираат Претседателскиот центар за политичко образование и Фондацијата „Метаморфозис“. На […]

Понудата за влез во владата неочекувано го премисли ВМРО за уставните измени, ДУИ подготвена да се „жртвува“

јуни 11, 2023

Експертите и познавачите на политичките прашања ја гледаат како позитивна ненадејната промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, за кои во изминатиот период оваа партија спроведуваше остра, националистичка и популистичка кампања за асимилација и бугаризација на Македонците и истата ја искажа и преку протести на улиците. Партијата беше до тој степен против, […]

Слободата на изразување во време на алгоритми и ВИ: потребен е сеопфатен пристап за новите предизвици

мај 16, 2023

Доколку технологијата се користи на соодветен начин тогаш таа може да помогне многу во развојот на човековите права како и во зачувувањето и подобрувањето на слободата на изразување. Инаку, доколку се злоупотребат, алгоритмите на вештачката интелигенција (ВИ) можат да се злоубопотребат и да предизвикаат поголеми последици во едно општество, уништувајќи ја демократската структура на истото. […]

Јашари: Политичките партии – извор на дезинформации во Северна Македонија

април 5, 2023

Главните извори на дезинформации во Северна Македонија се политичките партии и истите стануваат уште поопасни кога се комбинираат со дезинформации од странски агенти. Ова го посочи директорот на Фондацијата Метаморфозис – Бардил Јашари при гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21. Во Косово, според Шкелзен Османи од порталот за  проверка на фактите Хибрид.инфо, дезинформациите главно доаѓаат […]

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Потребно е да се гради култура за дигитален напредок

април 4, 2023

Дигиталната трансформација на општеството е многу важна тема. Мора да се работи на отпорот кон промена, институците треба да ги имплементират секојдневно дигиталните процеси. Сите во општеството треба да ги имаат потребните вештини за да ги користат услугите кои институциите (ќе) ги нудат. Ова се главните заклучоци на говорниците на отворањето на меѓународната конференција „Дигитална […]

Фондацијата Метаморфозис потпиша меморандум за соработка со Кабинетот на Претседателот за отпор против дезинформациите

февруари 13, 2023

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис денеска потпиша меморандум за соработка со Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари го потпиша меморандумот за соработка за поддршка на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование со Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски. „Соработката со Претседателскиот центар […]

Грковска-Јашари: Граѓанскиот сектор има суштинска улога во дигиталната трансформација на општеството

октомври 5, 2022

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со претставници од Фондацијата „Метаморфозис“, предводени од извршниот директор Бардил Јашари, со кого разговараа за важноста на процесот на дигитална трансформација на општеството, информираат од владината прес-служба. Вицепремиерката Грковска ја изрази важноста на вклученоста на граѓанскиот сектор во сите општествени процеси, вклучително и […]

Вештачката интелигенција и човековите права на интернет: Актуелна состојба, перспективи и ризици

септември 7, 2022

Извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари, беше дел од панел дискусијата „Вештачката интелигенција и човековите права на интернет: состојба, ризици и предизвици“. Оваа панел-дискусија беше организирана од Фондација Метаморфозис во рамки на Регионалната конференција за слобода на интернет на АБА РОЛИ која се одржува во периодот од 5 до 7 септмври во Охрид и […]

Граѓанското општество е од суштинско значење за напредно општество со помалку проблеми (ВИДЕО)

август 30, 2022

Само активно и упорно граѓанско општество е најдобриот коректор на погрешните и лошите политики за напредокот на државата. Затоа граѓанското општество треба да работи што е можно повеќе за да ги држи институциите одговорни и отчетни пред граѓаните. Ова се главните заклучоци што произлегоа од активностите на проектот на УСАИД за граѓанско учество во Северна […]

Јашари: Изворот на кампањата на евроскептицизам во земјава е Москва

јуни 3, 2022

Меѓу кампањите со лажни вести е таа што има за цел да го зголеми скептицизмот кај граѓаните во однос на Европската Унија, изјави директорот на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардиљ Јашари во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во која се зборуваше за тоа како лажните вести ја поткопуваат демократијата, пишува „Порталб“. „Во Македонија поддршката за ЕУ во […]

Kонференцијата за справување со дезинформациите во земјава на 31 мај ќе ја отвори претседателот Пендаровски

мај 25, 2022

Претседателот Стево Пендаровски ќе ја отвори конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, која што Фондацијата Метаморфозис ја организира во хотелот „Панорамика“ на 31 мај, со почеток од 12 часот. Настанот има за цел градење на мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, […]

Меѓународен ден на слободата на медиумите: Неказнивоста вознемирувачка и на македонско и меѓународно ниво

мај 3, 2022

Неказнувањето за заканите и убиствата на новинари останува постојана грижа ширум светот, како пречка за обезбедување безбедност на новинарите и има застрашувачки придонес во авто-цензурата. Неказнувањето е проблем и кај нас. Ситуацијата со реформите во медиумскиот сектор остана непроменета во текот на 2021 година,  споредено со претходните години, освен во областа на законодавството, каде што […]

Лекции од Естонија: Од сиромашна посткомунистичка држава до дигитален рај

април 25, 2022

Естонија е земја која докажува дека дигитализацијата го подобрува квалитетот на животот на нејзините граѓани. Илјадници услуги, главно административни, Естонците ги вршат со неколку кликови од дома, а пак чекањето ред пред шалтерите е дел од некоја далечна историја, пишува Порталб.мк. Оваа балтичка земја со 1,3 милиони жители, во последните 25 години го замени својот […]

Интервју на Бардил Јашари за Академик.мк: Не треба да се плашиме и да создаваме отпор кон дигитализацијата

јануари 28, 2022

Директорот на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари во интервју за Академик.мк говори за заштитата на личните податоци и приватноста на интернет. Со дозвола на редакцијата на Академик.мк, интервјуто го пренесуваме во целост:   „Метаморфозис“ е невладина организација која веќе 15 години, меѓу другото, работи на заштита на човековите права на интернет и описменување на граѓаните за нивните […]

ДЕБАТА: Дигитализацијата ќе донесе придобивки за граѓаните, но бара дополнителен напор и средства

јануари 20, 2022

Дигитализацијата би донела огромна предност и за граѓаните и за транспарентноста и отчетноста на локалните власти, но за да се достигне потребното ниво ќе бидат потребни многу напори и пари. Во меѓувреме, треба да се продолжи со работа на процесот на „дигитализирање“ на општините под контрола на некаков „центар“, оти самостојните обиди не донесуваат многу […]

Страна 1 од 3