fbpx

Јашари: Изворот на кампањата на евроскептицизам во земјава е Москва

-

Меѓу кампањите со лажни вести е таа што има за цел да го зголеми скептицизмот кај граѓаните во однос на Европската Унија, изјави директорот на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардиљ Јашари во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во која се зборуваше за тоа како лажните вести ја поткопуваат демократијата, пишува „Порталб“.

„Во Македонија поддршката за ЕУ во 2007 година била над 90 отсто. Како резултат на различни кампањи од страна на актери чие седиште е во Москва, поддршката за ЕУ во Македонија во 2019 година опадна на околу 65 отсто, а сега ми се чини дека е уште помала. Она што е важно е дека како директна последица на овие кампањи, чиј главен наратив, покрај лажните вести, е да се прикаже Западот како еден слаб систем, ЕУ како систем во кој нема единство, кој не носи благосостојба за граѓаните, и како резултат на овие кампањи за дезинформација евроскептицизмот е зголемен за 3 отсто. Така, покрај падот на поддршката за ЕУ, бројот на оние кои се скептични кон ЕУ е зголемен за 3 отсто. И ова е конкретна последица од овие дезинформативни кампањи“, рече Јашари.

Тој рече дека еден од изворите на лажни вести во земјава се и ПР-ите на политичките субјекти.

„Има многу извори на лажни вести. Можеме да кажеме дека дел од овие лажни вести се и ПР-ите на политичките субјекти. Потоа има и друг извор кој е поопасен, надворешниот, кој им служи на странските агентури“, рече Јашари.

Целата емисија на која учествуваше Јашари можете да ја погледнете подолу:

Инаку, во вторникот во Скопје се одржа конференцијата „Справување со дезинформациите во Република Северна Македонија“, во организација на Фондацијата Метаморфозис, посветена на градењето мултисекторски пристап за решавање на проблемот со дезинформациите преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор.

На настанот беа презентирани и препораките кои Фондацијата „Метаморфозис“ ги предлага како основа за заеднички општествени акции за решавање на овој проблем, добиени како резултат на истражувачкиот процес и анализата на податоците во рамките на активностите за борба против дезинформациите.

Конференцијата понуди платформа за дискусија меѓу засегнатите страни кои работат за развој на демократијата преку борба против дезинформациите и унапредување на слободата на изразување, овозможувајќи им на сите да се вмрежуваат и да ги споделуваат искуствата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...