fbpx

Јашари: Политичките партии – извор на дезинформации во Северна Македонија

„Граѓаните ја изгубија довербата во медиумите. Ако новинарите си ја вршат својата работа како што треба, влијанието би било помало и немаше да се постигне ова ниво на деградација на кое што сме сега“, рече извршниот директор на Метаморфозис, Бардил Јашари

-

Главните извори на дезинформации во Северна Македонија се политичките партии и истите стануваат уште поопасни кога се комбинираат со дезинформации од странски агенти. Ова го посочи директорот на Фондацијата Метаморфозис – Бардил Јашари при гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21. Во Косово, според Шкелзен Османи од порталот за  проверка на фактите Хибрид.инфо, дезинформациите главно доаѓаат од медиумите што се блиски до власта во Србија. Додека пак, во Албанија, според директорката на Фактоје.ал, Клодиана Капо, граѓаните ја изгубиле довербата во институциите по сајбер нападите од Иран, објави Порталб.мк.

Според директорот на Фондацијата Метаморфозис, овие дезинформации не ја деградираат само демократијата, туку и општеството во целина, особено кога нашата земја цели да стане дел од ЕУ.

„Новинарите и медиумите имаа важна улога, но не ја спречија деградацијата со борба против дезинформацискиот процес. Граѓаните ја изгубија довербата во медиумите. Ако новинарите си ја вршат својата работа како што треба, влијанието би било помало и немаше да се постигне ова ниво на деградација на кое што сме сега“, рече Јашари.

Тој, меѓу другото, нагласи и дека во зависност од тоа каков важен процес се случува во нашата земја, како избори или референдуми, се интензивираат и дезинформациските кампањи.

„Дезинформациите се многу опасни, најчесто се интензивираат кога има некој важен настан, на пример кога има избори или референдуми. Овие информациски кампањи можат да влијаат на секој од нас и на тој начин може да претставуваат конкретен ризик. Ова не е само проблем на медиумите, туку е и проблем кој влијае врз безбедноста на нашата држава и на институциите на нашата држава, но и на губењето на довербата во институциите“, рече Јашари.

Од друга страна, Шкелзен Османи од порталот за проверка на фактите Хибрид.инфо, истакна дека дезинформациите во Косово главно доаѓаат од медиуми што се блиски до властите во Србија.

„Во Косово не сме имале некој опасен сајбер напад, сме имале случаи кога биле нападнати страниците на одредени институции од хакери главно од Србија. Исто така, сме имале кибер напади врз приватни телевизии и врз државната телевизија. Од друга страна, владата подготвува еден закон против овие напади кој се очекува да помине во Собрание. Во Косово дезинформациските вести доаѓаат од медиуми што се блиски до властите во Србија. Шират дезинформациски наративи, како тој дека Албин Курти ќе ги протера косовските Срби. Жртва на овие дезинформации се српските граѓани во Косово“, рече Османи.

Според Клодиана Капо, директорка на Фактоја.ал, во Албанија граѓаните ја изгубиле довербата во институциите на земјата по сајбер нападите од Иран. Таа рече дека многу граѓани се разочарале кога виделе оти нивните лични податоци толку лесно се објавиле на социјалните мрежи и на интернет.

„Иран ја започна дезинформациската дејност во Албанија и ова јавно се виде во текот на 2022 година кога ги започна кибер нападите против албанската влада. Како последица на овие напади, многу страници за онлајн услуги за граѓаните беа недостапни подолго време и многу информации или лични податоци на граѓаните протекоа во јавност и се ширеа по социјалните мрежи. Голем дел од граѓаните ја изгубија довербата во институциите во земјата поради овие напади“, рече Капо.

Ова се дел од коментарите за време на телевизиската дебата „Клик Плус“ во ТВ21 во рамки на меѓународната конференција „Дигиталната трансформација за граѓаните“  организирана од Фондацијата „Метаморфозис“ во рамки на проектот „ICEDA“, што се одржа изминативе два дена, а завршува денеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...