fbpx

Слободата на изразување во време на алгоритми и ВИ: потребен е сеопфатен пристап за новите предизвици

Директорот на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари на денешната конференција рече дека технологијата во принцип не е штетна, но може да се злоупотребува и да се користи како оружје против човековите права

-

Доколку технологијата се користи на соодветен начин тогаш таа може да помогне многу во развојот на човековите права како и во зачувувањето и подобрувањето на слободата на изразување. Инаку, доколку се злоупотребат, алгоритмите на вештачката интелигенција (ВИ) можат да се злоубопотребат и да предизвикаат поголеми последици во едно општество, уништувајќи ја демократската структура на истото. Ова беше една од темите што се елаборираа денес во сесијата насловена „Слободата на изразување во време на алгоритми и ВИ“, во рамки на Деветтата конференција на медиумите во Југоисточна Европа, со наслов „На раскрсница – Заштитата на слободата на медиумите за заштита на демократијата“, организирана од претставничката за слободата на медиумите на ОБСЕ, во соработка со Мисијата на Организацијата во Скопје, пишува Порталб.мк.

На овој панел, учесниците зборуваа за предизвиците што ги носи вештачката интелигенција во сферата на информирањето. Директорот на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари рече дека технологијата во принцип не е штетна, но може да се злоупотребува и да се користи како оружје против човековите права.

„ВИ може да помогне и да им олесни на лицата кои имаат лоши намери да извршат штетни дела. Такви примери сме виделе во светот и кај нас, каде што технологијата се користи за да се спречи слободата на медиумите и слободното изразување. Ние во Фондацијата Метаморфозис сме го виделе овој ризик и сме констатирале дека злоупотребата на технологијата доведува до оштетувањето на демократскиот систем во целост, сеејќи недоверба во институциите на државата, ширејќи говор на омраза, дезинформации и цензура. Треба да работиме заедно за да се бориме против злоупотребата на технологијата“ рече меѓу другото, Јашари.

Според него, што се однесува на решавање на ова прашање, потребен е сеопфатлив пристап, каде што сите инволвирани страни ќе се ангажираат за подобрување на алгоритмите на вештачката интелигенција и ќе ги спречат разните користења на технологијата за лоши цели, пишува Порталб.мк.

„Во случајот на Северна Македонија, при ангажманот треба да се има предвид и локалниот контекст на нашето општество, кое има технофобичен пристап од една страна, додека од друга страна ги користи многу социјалните мрежи и интернетот, воопшто. Овој парадокс доаѓа како резултат на дезинформативните кампањи против новата технологија, против 5г, како резултат на теориите на заговор кои се шират во секоја сфера на општеството, а се зајакнуваат од разни алгоритми. Затоа, важно е да пристапиме кон проблемот во секоја сфера и вклучените страни како што се невладините организации, бизнис секторот, државните институции да се консултираат меѓу себе, со експерти и со јавноста за да добијат поддршка и упатства за да се постават правила за користење на ВИ“, рече Јашари.

Тој го спомна и фактот дека иницијативата на Владата што формирала работна група за Националната Стратегија за Вештачката Интелигенција во моментов не оди напред и дека треба истата повторно да се активира.

Фото: ОБСЕ

Ноа Џансиракуза, професор по математика и наука за податоци на Универзитетот на Бентли, рече дека има начини како да се влијае во подобрување на работата на ВИ.

„Вештачката интелигенција создава алгоритми врз основа на податоците што ѝ ги даваме ние како општество. Знаејќи дека нашето општество е дискриминаторско и еднострано, ВИ-то генерира дискриминаторски информации, на пример кога ќе побараме фотографии од директори, ВИ ќе генерира фотографија на бел маж директор, занемарувајќи ги жените и другите раси. Ова се случува како последица на тоа што ги зема податоците од нашето минато што е преполно со такви случаи, и овде не можеме да ја обвиниме ВИ за нашата историја. За да се среди ова, за да не биде ВИ еднострана, нејзините создаватели направиле една многу интересна технолошка интервенција: да се додаде во позадина зборот жена и опфатни зборови од другите раси како некој бара со терминот: директор. На овој начин се генерираат разновидни резултати и вака нема да имаме едностраност. Ова е само еден начин како може да се подобрува работата на ВИ“, рече тој.

Џансиракуза истакна дека новинарите имаат клучна улога во пренесувањето на информациите кога има злоупотреби за да ја зголемат свеста на јавноста за тоа која социјална мрежа или компанија ја злоупотребува технологијата за да може корисниците да ги казнуваат ваквите пракси и да се оддалечат од нивното користење, пишува Порталб.мк.

На панелот учествуваше и Бојана Костиќ, истражувач на човековите права и технологијата која меѓу друго зборуваше за проблемот со ширењето на говорот на омраза во интернет особено кон жените. Што се однесува на регулирањето на ВИ, таа спомна дека треба еднаш да се подобри регулативата на медиумите, нивната релација со социјалните мрежи, како и регулативата што се однесува на ширењето на заканите, говорот на омраза, и дискриминаторскиот говор.

На дводневната конференција што се одржува во Скопје, се одржуваат панел дискусии, работилници, прикажување на филмови и други активности кои во фокус меѓу другото ја имаат слободата на медиумите, заштитата на правата на работниците и медиумите, саморегулирањето, дигиталната едукација и дезинформирањето, како влијанието на вештачката интелигенција во сите аспекти на медиумската дејност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...