четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: антикорупција | 34 резултати

Од Собранието се бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

11 декември 2024

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници. Предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавнитенабавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки […]

Италијанска антикорупциска обука за македонски владини функционери

17 јануари 2024

Правниот факултет при италијанскиот универзитет „Луис Гуидо Карли“ оствари иновативна обука за борба против корупцијата преку транспарентност, наменета за избрани владини функционери од Република Северна Македонија, соопшти Италијанската амбасада. Од таму посочуваат дека програмата „Спротивставување на корупцијата во јавната администрација преку транспарентност“ е наменета за 20 преставници на македонската влада. Самата програма ја финансира италијанското […]

Жените кои не молчат пред корупцијата: Ристоска, Дамева, Ивановска, Адеми, Трповска

16 јануари 2024

За да се разбере најдобро степенот и напредокот во борбата против корупцијата во годината што измина, доволно е да се прочита втората реченица од Извештајот на Европската комисија во делот на борбата против корупцијата која буквално кажува сè – „не е постигнат никаков напредок“. Корупцијата како најверен, долгогодишен „пријател“ на земјава, си го задржа својот […]

Државата глува на наодите за корупција од ревизорите и од антикорупционерите

6 декември 2023

Државниот завод за ревизија до Јавното обвинителство за 2022 година доставил 22 извештаи за 20 институции, од кои досега повратна информација имаат добиено само за пет конечни ревизорски извештаи. Ова денеска го изјави Максим Ацевски, главниот државен ревизор, посочувајќи дека не е задоволен од начинот на постапување на надлежните институции по конечните објавени ревизорски извештаи. […]

Отворен форум за антикорупција: Најкорумпирани министрите, пратениците, судиите и лидерите на партиите

6 декември 2023

Корупцијата останува неказнива во Северна Македонија. Ако се има предвид дека 25,5% од испитаниците во истражувањето потврдиле дека биле вклучени во корупција и ако тој процент се проектира на полнолетното население се доаѓа до заклучок дека се сторени минимум 372 илјади кривични дела од областа на корупцијата. Од друга страна, во 2022 година само 98 […]

Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата ќе го вклучи и граѓанскиот сектор

16 ноември 2023

Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, кое се формираше со владина одлука со цел да се зајакне соработката меѓу надлежните институции заради унапредување на политиките и механизмите за превенција и справување со корупцијата, денеска ја одржа првата официјална седница. Со конститутивната седница претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро […]

Контраспин: Измените на КЗ по итна постапка сe доказ дека антикорупцијата е мртва

7 септември 2023

Со измените на членовите 353 и 353-в и 394, се дезавуираат сите други корисни предложени измени на членови во новиот КЗ, кои навистина значат усогласување со ЕУ. Но, воедно се дезавуира и секоја друга декларативна или напишана заложба на партиите од власта и нивните лидери, а и од најголем дел од опозицијата, дека сакаат да […]

ФИТР реагира: Компаниите на Дрин Ахмети и претходно аплицираа но беа одбиени

2 јули 2023

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) реагираше со соопштение по повеќе написи во медиумите во кои се посочува дека внукот на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, добил неколку грантови. Оттаму ги отфрлаат обвиненијата дека станува збор за корупција посочувајќи дека ФИТР е „единствена институција во државата која има сертификат ISO […]

Грковска со претставници на Националната конвенција на ЕУ во земјава разговараше за намалување на корупцијата во јавниот сектор

1 јуни 2023

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа средба со универзитетските професори Милева Ѓуровска, Марина Митревска и Драган Тевдовски, како претставници на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК). НКЕУ-МК претставува демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со пристапните преговори за членство […]

ИДСЦС со оптимистичко и песимистичко сценарио до 2030 година за развојот на корупцијата

23 февруари 2023

Институтот за демократија (ИДСЦС) на денешната тркалезна маса презентираше анализа насловена „Антикорупција 2030: Сегашни и идни антикорупциски предизвици”, каде што беа презентирани две можни сценарија по кои би се развивала корупцијата и борбата против корупцијата до 2030 година, но и препораки како институциите да се справат со идните предизвици. Во дел од првото, поволно сценарио […]

Рашковски поднесе кривична пријава против обвинителката која го води неговиот случај

26 јануари 2023

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски утрово соопшти дека поднел кривична пријава против обвинителката која го води случајот против него наречен „Софтвери“, во кој тој е обвинет за корупција. Како што соопшти Рашковски, тој ќе поднел повеќе кривични пријави, а веќе поднел и претставка до Советот на јавни обвинители, Републичкиот јавен обвинител и до […]

Платформа на ГО за борба против корупцијата: Политичките ветувања без сериозност се демагогија

9 декември 2022

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата порача дека политичките изјави, односно ветувања, без сериозни заложби за сузбивање на ова зло, се само демагогија. Поради неисполнетите ветувања за сузбивање на корупцијата, разочарани граѓани ја напуштаат земјава. „На меѓународниот ден за борба против корупцијата, ние, граѓанските организации […]

Aмбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон реагираше за корупцијата

9 декември 2022

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември, амбасадорот на Обединетото Кралство (ОК), Метју Лосон, изрази загриженост поради состојбата со корупцијата во земјава, но и порача дека може да се смета на поддршка од ОК во справувањето со коруцијата. „Апсолутно суштинско е справувањето со корупцијата“, порача Лосон во својот твит. „Неодамнешните вознемирувачки […]

Северна Македонија и Романија ќе соработуваат во креирање антикорупциски политики

16 септември 2022

Заменичката на претседателот на Владата зaдолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во земјава. На средбата се разговараше за можноста за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање  антикорупциски политики и во делот на доброто владеење, како и […]

Граѓанското општество е од суштинско значење за напредно општество со помалку проблеми (ВИДЕО)

30 август 2022

Само активно и упорно граѓанско општество е најдобриот коректор на погрешните и лошите политики за напредокот на државата. Затоа граѓанското општество треба да работи што е можно повеќе за да ги држи институциите одговорни и отчетни пред граѓаните. Ова се главните заклучоци што произлегоа од активностите на проектот на УСАИД за граѓанско учество во Северна […]

Антикорупционерите гледаат на привремените вработувања како голем проблем за јавната администрација

26 мај 2021

Еднаш засекогаш да престанат привремените вработувања во јавната администрација, кои доаѓаат како резултат на тоа што секоја нова раководна екипа во институциите си носи сопствен тим по нивното назначување. На ова посочи членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Нури Бајрами на денешната презентација на Извештајот од мониторингот на имплементацијата на препораките од […]

Без вистинска борба против корупцијата во С.Македонија и Албанија, нема можност за пристап во ЕУ

10 мај 2021

Еден од критериумите за членство во Европската Унија е искоренување на корупцијата. Но, Северна Македонија и соседна Албанија добија голем број критики во меѓународните извештаи за борбата против оваа негативна појава. Некои дури истакнуваат дека РСМ и Албанија наместо напредок имаат забележано назадување. Експертите проценуваат дека главната причина за слабата борба против корупцијата е недостатокот […]

Состојбата со корупцијата е многу сериозна, оценува претседателката на ДКСК Ивановска

6 мај 2021

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, истакна дека состојбата со корупцијата е многу сериозна на денешната прес-конференцијата посветена на сработеното во 2019-2020 година. Таа потенцираше дека и понатаму постојат ризици од корупција што веќе се нотирани во Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси, на кои укажуваат […]

Транспаренси интернешнел: Министерството за одбрана второ во Централна и Источна Европа по интегритетот во работењето

9 декември 2020

Македонското Министерство за одбрана е второ според индексот на интегритет во Централна и Источна Европа на „Транспаренси интернешнел“, објавија денеска, по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателката на „Транспаренси интернешнел – Македонија“ Слаѓана Тасева. Индексот за интегритет на владите во секторот одбрана е еден од индексите на […]

ДКСК бара да се преиспита висината на апанажата за поранешните пратеници и владини функционери

2 октомври 2020

„Ако можат луѓето со просечна плата да живеат, зошто да не можат и поранешните пратеници?“, праша денеска Катица Николовска, членот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) која ја презентираше последната анализа на „употребата на буџетските средства од страна на државните органи“, односно како институциите ги трошат парите за апанажа, закуп на станови, патни трошоци, […]

Страна 1 од 2