fbpx

Зеленски вели време е руската војска да бега, пробиена линијата на фронтот кај Херсон

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до јавноста рече дека доколку сакаат да преживеат, време е припадниците на руската војска да бегаат, пренесува Гардијан.

Советникот на Зеленски, Олексиј Арестович изјави дека украинската војска ги пробила руските линии на фронтот на неколку локации во близина на градот Херсон, при што биле гранатирани и ферибродови што ги користат руските сили за снабдување на во окупираните територии.

Си-ен-ен објави дека украинските сили вратиле под своја контрола четири села во Херсонскиот регион откако претходно на три места ја пробиле линијата на фронтот, а главна цел им е заземање на окупираниот град Херсон. Сепак, советникот на Зеленски, Арестович предупреди дека не треба да се очекува брза победа на украинските сили на југот на Украина.

Руското Министерство за одбрана потврди дека украинската контраофанзива започнала во регионите Херсон и Миколаив, но тие тврдат дека истата била неуспешна и украинските сили претрпеле значителни жртви. Светските медиуми пренесуваат дека извештаите од фронтот засега не можат независно да се потврдат.

Во меѓувреме, воените дејствија продолжуваат и во другите делови на Украина. Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени во изминатото деноноќие во Донецкиот регион како последица на руските напади, пренесува Гардијан.

Укринформ јавува дека руските сили истрелале 16 ракети од системот за противвоздушна одбрана С-300 кон украинскиот град Миколаив вчера. Погодени биле транспортна инфраструктура, куќи и станбени згради, а во нападот загинале двајца цивили и има 24 повредени лица.

Украинските силе успеале да ги одбијат обидите за напредување на руската војска во пет правци. Во Харкивскиот регион одбиен е обидот за напредување кон местото Уду, додека во близина на Словјанск спречено е напредувањето кон Шнурку. Во текот на вчерашниот ден безуспешни биле уште неколку обиди на руската војска за пробивање на фронтот во Донецкиот регион, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...