fbpx
Таг: владеење на правото

таг: владеење на правото

ЕП: Да се засили независноста на судството и да продолжи борбата против перењето пари

Во денешната резолуција за Македонија подготвена од специјалниот известувач за земјава, Иво Вајгл, Европскиот Парламент (ЕП) оценувајќи ја ситуацијата во земјава порача дека мора да се почитува Договорот од Преспа, но и да се прави подобра заштита на судството од политичките влијанија и да се решат преостанатите прашања од областа на владеењето на правото, соопшти ЕП на својата официјална...

Коцијанчич: Европската Унија не сака да се меша во случајот со Никола Груевски

Европската Унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и со неговото барање политички азил во Унгарија – изјави портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич, за „Пресинг ТВ“. Коцијанчич вели дека „ова е случај кој не смее да се политизира“. – Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки....

Прибе: Сите ресурси и сили во Македонија треба да бидат насочени кон владеење на правото

Немам детален увид во она што се случуваше, што е направено во текот на изминатите две години по однос двата извештаја што ги изготвивме како експертска група, оние од 2015 и од минатата година. Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија укажува на значаен напредок во одредени области, но постојат и доста области каде уште мора многу да се...

Јанева до Столтенберг: Работата на СЈО е важна за членството на Македонија во НАТО

Специјалното јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото како еден од клучните предуслови за членство на Македонија во НАТО, истакнала специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во рамките на неговата посета на земјава, соопштија од СЈО. Јанева на Столтенберг му подарила значка со логото на Специјалното јавно...

Заев: Да се обединиме во визијата за модерна и економски напредна Македонија

„Годината што заминува ќе ја паметиме по најголемиот успех на граѓаните на оваа земја. Слободоумните граѓани ослободија - заробена држава. Се случи промената. Македонија се стабилизираше и тргна кон раст и развој“, истакна премиерот Зоран Заев во своето новогодишно обраќање до граѓаните на Македонија. Заев порача дека клучен фактор за создавање на доверба е спроведувањето на владеењето на правото,...

Хан пред посетата на Скопје: И Владата и опозицијата да се фокусираат на реформите

Новата Влада и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата и на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да ја вратат Македонија на патот кон Европската Унија, се вели во денешното соопштение на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во пресрет на неговата посета на земјава, закажана за понеделник. „Земјата, со континуирана помош од Европската...

Саити – Жбогар: Во реформите во судството да се вклучат сите релевантни фактори

Актуелните предизвици во судството и иднините чекори во контекст на најавените реформи биле тема на денешната средба меѓу претседателот на Здружението на судиите на Македонија, Џемали Саити, и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. „Саити го информираше амбасадорот Жбогар за тековните активности и за приоритетите на Здружението во однос на најавените реформи во судството. Акцентот беше ставен на...

Хан повторно го испраќа Прибе да помогне со реформите за владеењето на правото

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска соопшти дека во земјава повторно ќе испрати независна група правни експерти, предводени од Рајнхард Прибе, која треба да помогне и да ја советува новата Влада околу прашањата за владеењето на правото. Испраќањето на експертската група, вели Хан, е дел од подготвеноста на Европската Унија да работи и да ѝ помага...

Хелсиншки комитет: Врховниот суд за Кочан донесе незаконско решение

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија смета дека постапувањето на Врховниот суд, кој го укина притворот за Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“, е преседан кој е во спротивност со принципот на владеење на правото. Од Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека ова е првпат кој и да било суд во Македонија да одлучи дека лицето против кое е определен притвор...

Видеопорака на Кундерс: Македонија е на крстопат, излезете и гласајте за својата иднина

За да се доближат до Европа, македонските гласачи треба да се заложат за владеење на правото, за слободни медиуми и против корупцијата, вели во видеопорака министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс. Тој ги повика македонските гласачи на 11 декември да излезат на гласачките места и да донесат одлука за иднината на земјата. „Холандија е долгорочен пријател на македонската демократија....

„Метаморфозис“ објави конкурс за мали грантови во рамките на проектот Action SEE

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку проектот Action SЕЕ објави барање за апликации за обезбедување поддршка на граѓански организации и промоција на добро владеење и на владеење на правото, преку доделување на 25 до 30 мали грантови за граѓански организации од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од Косово. Ќе бидат доделени два типа грантови, кои можат да...

Кери: Пучот во Турција може да го загрози членството на земјата во НАТО

Турција би можела да „падне“ на барањето на НАТО да се почитува демократија ако не успее да го одржи владеењето на правото по обидот за државен удар, предупреди државниот секретар на САД, Џон Кери. Кери на заедничка прес-конференција со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, рече дека НАТО ќе ја набљудува Турција во наредните...

НАТО: Политичката криза ја оддалечува Македонија од членство во Алијансата

Политичката криза во Македонија ја оддалечува државата од членството во НАТО. Ова е еден од заклучоците во завршниот извештај на Самитот на НАТО, кој се одржува во Варшава. „Загрижени сме за развојот на политичките настани во поранешната југословенска Република Македонија, кои ја оддалечуваат земјата од вредностите на НАТО. Ги поттикнуваме политичките лидери во земјата целосно да ги исполнат своите обврски од...

Бејли: Ако нема одговорност за прислушуваните разговори, земјата ќе остане во криза

„Нашите пораки се исти со тие што ги кажаа пријателите од ЕУ. Сега е најважно да се имплементира Договорот од Пржино и да се отвори пат за изборите од страна на четирите политички партии“, вели американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за „Утрински весник“, одговарајќи на прашање со какви пораки или предлози ќе дојде помошникот државен секретар на САД,...

Полска доби официјално предупредување од ЕУ поради измените во уставниот суд

Европската Унија денеска на Полска и упати официјално предупредување дека измените на законот кои се однесуваат на уставниот суд го загрозуваат владеењето на правото во земјата, членка на Унијата. Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјавил дека комисијата го усвоила мислењето во кое се критикува полската влада поради постапките со кои го парализира уставниот суд. По доаѓањето на власт на партијата...

Амбасадорите на ЕУ и на Холандија порачаа: Целосно да се повлече аболицијата

Амбасадорите на ЕУ и Холандија, Аиво Орав и Ваутер Пломп на денешната трибина организирана од „Транспаренси интернешнл Македонија“ порачаа дека аболицијата мора да се повлече целосно, само така нема да има селективна правда. Амбасадорите велат дека сите засегнати страни мора да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство. - Европската Унија јасно претстави дека селективната правда и помилување не се прифатливи....

Орав: Нема повеќе време, потребни се брзи и сериозни одлуки

„Политичката криза станува сè подлабока. Потребни се брзи и сериозни одлуки. Нема повеќе време за одложување и за опструкции“, рече евроабмасадорот Аиво Орав на прославата по повод 9 Мај, Денот на Европа во ЕУ-Инфоцентарот. - Договорот од Пржино од минатата година, создаде надеж кај политичките партии, граѓаните и кај меѓународната заедница. За жал, во изминатава година видовме опструкции, одложувања и...

Заев на средба со Хојт Ји, се разговарало за Договорот од Пржино и за фер и демократски избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Брајан Хојт Ји, заменик на помошникот на државниот секретар на американскиот Стејт Департмент задолжен за европски и за евроазиски прашања. Како што соопштија од СДСМ, на средбата се зборувало за актуелната политичка состојба во Македонија, за имплементацијата на Договорот од Пржино и за обезбедување услови за слободни, фер и демократски избори. Заев...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...