fbpx

Амбасадорите на ЕУ и на Холандија порачаа: Целосно да се повлече аболицијата

-

Амбасадорите на ЕУ и Холандија, Аиво Орав и Ваутер Пломп на денешната трибина организирана од „Транспаренси интернешнл Македонија“ порачаа дека аболицијата мора да се повлече целосно, само така нема да има селективна правда.

Амбасадорите велат дека сите засегнати страни мора да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство.

– Европската Унија јасно претстави дека селективната правда и помилување не се прифатливи. ЕУ заедно со другите меѓународни фактори ја нагласува важноста на СЈО. Ги повикуваме сите страни да престанат со спречување на работата на СЈО – рече амбасадорот Орав.

Амбасадорот Пломп им порача на сите засегнати страни да го почитуваат владеењето на правото, а тоа значи и целосна поддршка на работата на СЈО.

– Функционалната демократија е особено значајна за сите држави кои планираат да се приклучат на ЕУ. Сега е важно сите засегнати страни да го почитуваат владеењето на правото, а тоа значи и поддршка на СЈО и сеопфатно повлекување на помилувањата од претседателот – рече Пломп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...