среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: аболиција | 335 резултати

ГРОМ со спинови го храбри Иванов за нови аболиции

26 јануари 2017

Пренџов од ГРОМ нема право кога вели дека „образложението на СЈО за тоа зошто се откажува од обвинителниот акт е обична „евтина манипулација“ со аргументи кои, наводно, само тие ги знаат и никој друг во државата“, а изјавата дека „критизерите на аболициите го губат моралното право да критикуваат евентуално нови аболиции од страна на Иванов“, […]

Повторно одложено судењето на Савески и на Куновски од Левица

1 декември 2016

Поради болест на Владимир Куновски, кој заедно со Здравко Савески се обвинети за демолирање на народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска повторно беше одложено рочиштето од судењето на двајцата членови на Левица, пренесува „24 Вести“. Судењето е презакажано за 18 јануари следната година. Инаку, Савески и Куновски се товарат дека на 13 […]

Кој е Никола Ивановски, новиот и „најбрзиот“ претседател на Уставниот суд во историјата

17 октомври 2016

Никола Ивановски е новиот претседател на Уставниот суд, кој денеска на колегиумот на судот е избран со двотретинско мнозинство. Тој ја наследи Елена Гошева, чиј мандат завршува на 1 ноември. Ивановски, кој важеше за фаворит на Гошева, за уставен судија е избран во 2012 година. Новиот претседател на Уставниот суд, Никола Ивановски, пред да стане член […]

ВМРО-ДПМНЕ апелира притисоците и нападите врз судот да престанат

26 септември 2016

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува обидите на аболираниот криминалец Зоран Заев, преку напади и закани врз судот да изврши притисоци и да ги заплаши судиите да одлучуваат во согласност со законот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод боењето на Кривичниот суд од страна на „Шарена револуција“. „Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е главен статист во фарсата која ја играат со Катица Јанева

16 септември 2016

Аболираниот криминалец Зоран Заев повторно ја излажа јавноста. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не добил покана да сведочи за предметот „Пуч“, така што изјавите дека тоа е причината за одложување на денешното рочиште се само уште една во низата манипулации. Политичкото слепило и непознавањето на процедурите од страна на Зоран Заев и Катица Јанева добиваат […]

Одложено судење на Савески и на Куновски, судот чека податоци од МВР

13 септември 2016

Судијката Весна Петровска-Тагасовска денеска го одложи судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на 13 април, за време на протестите, ден по неговата одлука за аболиција на 56 лица, политичари и нивни соработници. Рочиштето е одложено бидејќи, како што пренесува […]

Клучна недела за СЈО: В четврток нов извештај, в петок судење за „Пуч“

11 септември 2016

Неделава, според досега најавената агенда, се закажани два клучни  настани поврзани со работата на Специјалното јавно обвинителство. Првиот е поднесувањето на новиот шестмесечен извештај за работата на СЈО, на 15 септември, а вториот е закажаното рочиште во Кривичниот суд за случајот „Пуч“, следниот ден. Јанева вториот извештај ќе го поднесе на годишнината од нејзиното назначување за […]

Гордана Јанкулоска дојде на распит во СЈО

17 август 2016

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во 13 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство. Пред да влезе таа не даде изјава за медиумите, но најави дека тоа ќе го стори по распитот. Јанкулоска е осомничена во случајот „Тврдина“ што СЈО го отвори за уништувањето на опремата од незаконското прислушување, како и во случајот […]

Орав: Збогум и помагајте му на СЈО

5 август 2016

Евроамбасадорот Аиво Орав преку порака на својот твитер-профил и официјално се збогува од функцијата шеф на Мисијата на Европската Унија во Македонија. Тој попладнево твитна „збогум“ (bye) со негова фотографија пред резиденцијата на ЕУ во Пржино. Орав на функцијата амбасадор на ЕУ во Македонија беше именуван во 2012 година, а сега е делегиран за шеф […]

Три месеци по смртта на Крпач, ОЈО Скопје чека уште едно вештачење и податоци од СЈО

27 јули 2016

Точно три месеци поминаа од смртта на Коста Крпач, кој на 27 април беше пронајден мртов во својот стан во населбата Капиштец, со прострелна рана во градите. Скопското јавно обвинителство сè уште не ја завршило истрагата што треба да ги утврди причините и околностите за смртта на Крпач. Од Јавното обвинителство за „Мета“ велат дека се […]

Битолските фармери Илиевски и Неделковски повикани на распит во ОЈО Скопје

18 јули 2016

Скопското јавно обвинителство им испратило покани за распит на битолскиот фармер Душко Илиевски и на тутунарот Кире Неделковски, поради учеството на протестите во Скопје во април годинава, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. Илиевски и Неделковски, според поканите што им биле доставени, биле осомничени за учество во […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ за финансиски тероризам врз граѓаните

15 јули 2016

Обидот на СДСМ да ги наруши финансиската стабилност и финансиските текови е класичен акт на финансиски тероризам од страна на аболираниот криминалец Зоран Заев и од неговата дружина врз граѓаните на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кире Наумов. „СДСМ стори уште едно финансиско злосторство обидувајќи се со лаги и со невистини да го […]

Истрагата за случајот на Крпач по три месеци од „интензивна“ премина во „активна“

11 јули 2016

Скопското обвинителство по речиси три месеци сè уште „активно постапува“, односно води предистражна постапка за случајот на Коста Крпач, кој на 27 април беше пронајден мртов во својот стан во Капиштец со прострелна рана во градите. Обвинителството на 2 јуни соопшти дека досегашната истрага покажала дека Крпач се самоубил, но дека постапката по предметот продолжува […]

Орав: Партиите да најдат решение за кризата во следните денови, а не недели или месеци

1 јули 2016

Европската Унија е длабоко загрижена поради политичката криза која наместо да се решава, се најде во ќор-сокак, соопшти денеска во Скопје евроамбасадорот Аиво Орав, придружуван од амбасадорите на земјите членки на Унијата. – Помина повеќе од еден месец откако Собранието повторно се свика. За жал, не видовме прогрес за решавање на политичката криза во земјата. ЕУ е […]

ВМРО-ДПМНЕ: Аболираниот Заев повторно го потценува народот

26 јуни 2016

„Криминалецот мисли дека сите се криминалци како него. Оваа позната максима денеска ја потврди аболираниот криминалец Зоран Заев, кој сè уште се крие зад помилувањето на Бранко Црвенковски за кражба на 8 милиони евра“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на лидерот на СДСМ за „Радио Слободна Европа“. Од владејчката партија велат дека Заев […]

Брисел: Неучествувањето во Собранието ги спречува демократските процеси

23 јуни 2016

Европската комисија порача дека учеството во работата на Собранието е клучна за развојот на европската демократија и потсети дека Договорот од Пржино е најдобар начин за земјата да излезе од актуелната криза. – Парламентите се клучни институции во европските демократии. Неучествувањето во парламентарните активности ги спречува демократските функции на овие институции и не обезбедува поголема […]

На „Фејсбук“ за Иванов: Македонија е опасно место за живеење

23 јуни 2016

„Се подлабоко и подлабоко ми е срам што имаме ваков фикус“, „Овој човек раскрстил со реалноста“, „Со специјалното обраќање Иванов денес ја отвори туристичката сезона со информации дека Македонија е опасно место за живеење“, „Што Груевски мисли, Иванов зборува“… Ова се само дел од реакциите што вчера се појавија на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ по обраќањето на претседателот […]

На „Твитер“ за Иванов: Сите што гласаа за него, ни должат извинување

23 јуни 2016

По вчерашното обраќање на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во кое тој ги критикуваше граѓанските организации, СДСМ, странските партнери на Македонија и Специјалното јавно обвинителство, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи. Иванов, меѓу другото, вчера рече дека нема намера да си поднесе оставка за одлуката за аболирање на 56 лица. На „Твитер“ под хаштагот „Хорхе“ се […]

ДС: Иванов да си поднесе оставка по срамниот говор

22 јуни 2016

Вечерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов дополнително ја усложни политичката криза во Македонија, оценува Демократски сојуз (ДС). – По овој катастрофален и срамен говор, единствена опција на Иванов е да се повлечете од функција. Тој направи длабока поделба меѓу граѓаните и партиите, се стави во функција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна […]

Груби: Иванов има две опции – да си оди или да си замине!

22 јуни 2016

Нелегитимниот и еднопартиски претседател со секое свое појавување или дејствување само ѝ штети на Македонија и на нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница и затоа тој треба час поскоро да избере една од двете опции што ги има на располагање: да си оди или да си замине!“, изјави пратеникот Артан Груби од ДУИ за „Мета“, како реакција […]

Страна 1 од 17