fbpx

Битолските фармери Илиевски и Неделковски повикани на распит во ОЈО Скопје

-

Скопското јавно обвинителство им испратило покани за распит на битолскиот фармер Душко Илиевски и на тутунарот Кире Неделковски, поради учеството на протестите во Скопје во април годинава, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници.

Илиевски и Неделковски, според поканите што им биле доставени, биле осомничени за учество во толпа и за спречување на службено лице во извршување службено дејство.

Земјоделците од Битола во Обвинителството треба да се јават на 28 јули и да раскажат пред обвинителите за нивното учество во протестите на опозицијата во април годинава, кога како демонстранти се обиделе да ја тргнат железната ограда пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

– Ете, и обвинителот Марко Зврлевски решил да се занимава со мене затоа што сме биле снимени од камерите на провладините телевизии како се обидуваме да ја тргнеме оградата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Само да го потсетам Зврлевски дека тој е третиот што сака да нè заплаши за да се откажиме од протестите. Пред него со кривични пријави ни се заканија и од полицијата и од обвинителството во Битола – вели фармерот Илиевски.

Тутунарот Неделковски, пак, дека не знае за што е повикан со Скопје. Во поканата што му била доставена било наведено дека е осомничен за учество во толпа и за спречување служено лице во извршување службено дејство.

– Не се плашам за што и да е кривичната пријава и ќе одам во Скопје. Јас имам право да протестирам и да го искажам своето незадоволство од оваа власт – вели поранешниот водач на протестите на тутунарите, Неделковски.

Пред неколку недели Илиевски и Неделковски беа повикани во битолската полиција, исто така, поради учество во протестите за оставка на градоначалникот Владимир Талески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...