fbpx
Таг: аболиција

таг: аболиција

На „Фејсбук“ за Иванов: Македонија е опасно место за живеење

„Се подлабоко и подлабоко ми е срам што имаме ваков фикус“, „Овој човек раскрстил со реалноста“, „Со специјалното обраќање Иванов денес ја отвори туристичката сезона со информации дека Македонија е опасно место за живеење“, „Што Груевски мисли, Иванов зборува“... Ова се само дел од реакциите што вчера се појавија на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ по обраќањето на претседателот на државата, Ѓорге Иванов,...

На „Твитер“ за Иванов: Сите што гласаа за него, ни должат извинување

По вчерашното обраќање на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во кое тој ги критикуваше граѓанските организации, СДСМ, странските партнери на Македонија и Специјалното јавно обвинителство, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи. Иванов, меѓу другото, вчера рече дека нема намера да си поднесе оставка за одлуката за аболирање на 56 лица. На „Твитер“ под хаштагот „Хорхе“ се појавија илјадници шеги на сметка на...

ДС: Иванов да си поднесе оставка по срамниот говор

Вечерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов дополнително ја усложни политичката криза во Македонија, оценува Демократски сојуз (ДС). - По овој катастрофален и срамен говор, единствена опција на Иванов е да се повлечете од функција. Тој направи длабока поделба меѓу граѓаните и партиите, се стави во функција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна СЈО, единствената институција која работи...

Груби: Иванов има две опции – да си оди или да си замине!

Нелегитимниот и еднопартиски претседател со секое свое појавување или дејствување само ѝ штети на Македонија и на нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница и затоа тој треба час поскоро да избере една од двете опции што ги има на располагање: да си оди или да си замине!“, изјави пратеникот Артан Груби од ДУИ за „Мета“, како реакција на вечерашното обраќање на...

СДСМ: Иванов потврди дека не само што е неспособен туку е и непресметлив

Со денешното обраќање, лицето Ѓорѓе Иванов потврди дека не само што е неспособен туку е непресметлив и опасен додека ја врши функцијата Претседател на државата, оценува СДСМ во реакцијата по говорот на претседателот. „Во состојба на длабока политичка криза, кога улиците се преплавени со луѓе кои бараат правда и слобода преку достоинствени протести, Иванов се закани со можност за употреба...

Иванов во 18.45 часот пак ќе ѝ се обрати на нацијата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати до нацијата, соопштија од кабинетот на претседателот. Во соопштението не се наведува темата за која претседателот ќе се зборува во 18.45 часот. Ова е четврто обраќање до нацијата на Иванов во последните два и пол месеци. Првото обраќање го имаше на 12 април, кога со аболицијата ги прекина сите судски процеси...

Нема импичмент за претседателот Иванов

Со 35 гласа „за“ и со 47 „против“, без воздржани, отфрлен е предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, за кој пратениците расправаа во пет продолженија. За предлогот да биде прифатен и да се поведе постапка за утврдување одговорност на претседателот, потребно беше двотретинско мнозинство, односно 82 од 123 пратеници да гласаат за разрешување на Иванов...

Продолжува расправата за импичментот на Иванов

Пратениците во Собранието денеска ќе ја продолжат расправата за иницијативата за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Пратениците од опозицијата сметаат дека Иванов со тоа што дал аболиција на 56 лица, само придонел да се влоши политичката криза во државата, а со повлекувањето на аболицијата признал дека донел погрешна одлука и дека ѝ наштетил на државата и поради тоа треба да...

Пратениците ќе ја продолжат расправата за импичмент на Иванов в понеделник

Без конечен исход заврши и третиот ден од расправата во Собранието за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, а продолжението на седницата спикерот Трајко Вељаноски го закажа за понеделник. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повторија ставот дека иницијативата на СДСМ е неоснована, додека опозицијата и пратениците од ДУИ повторно нагласија дека Иванов мора да сноси одговорност за...

Собраниската дебата за импичментот на Иванов продолжува утре

По денешната бурната расправа за импичментот на претседателот Ѓорге Иванов, пратениците со дискусија ќе продолжат утре. Власта и опозицијата веќе втор ден дебатираат дали Иванов треба да понесе одговорност за одлуката за помилување и нејзиното повлекување. Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека со дадените помилувања, Иванов  не го прекршил Уставот и законите, а опозицијата бара и политичка и правна...

Денеска пратениците на пленарна седница ќе расправаат за импичментот на Иванов

Денеска, во рамки на 105. седница на Собранието, пратениците ќе расправаат по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Минатиот понеделник, комисијата за оценување на основаноста на предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија со шест гласа „за“ и со четири гласа „против“ оцени дека предлогот за импичмент е...

Судот му наложи на Звонко Костовски, осуден во „Пуч“, да се врати во затвор

Судија за извршување санкции од Основниот суд Скопје 1 денеска му испратил упатен акт на Звонко Костовски, да се врати на доиздржување на тригодишната затворска казна, на која е осуден за случајот „Пуч“. Костовски беше ослободен од казната откако претседателот Ѓорге Иванов го аболираше заедно со другите 55 лица, политичари и нивни соработници. „Судија за извршување санкции при Основниот суд Скопје...

Заев на средба со полскиот амбасадор Мултановски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, планот за излез од кризата и за евроатланските интеграции на земјата. „Објавивме план за излез од кризата, преку обезбедување на владеењето на правото и спроведување слободни, фер и регуларни избори, што поскоро. Врз база на принципите...

Груевски, Јанкулоска, Мијалков, Јанакиески, Заев од списокот на Иванов се преселија кај Јанева

Специјалното јавно обвинителство продолжува со истражните постапки против сите осомничени во петте случаи што ги отвори, соопшти денеска СЈО. Поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници, за дел од осомничените во овие случаи беа запрени постапките, а дел поради помилувањето не беа официјално осомничени. СЈО поднело и предлог до Апелациониот суд Скопје да го...

ИРИ: Сè поголема е политичката нестабилност во Македонија

Политичката нестабилност во Македонија се зголемува, а довербата во демократските институции опаѓа, се вели во извештајот од анкетата направена на национално ниво од Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесе „Гласот на Америка“. Анкетата покажала дека 20 проценти повеќе испитаници веруваат дека Македонија е помалку стабилна денес отколку пред една година. За 12 проценти е зголемен и бројот и на тие што се...

Од кабинетот на Иванов не одговараат на прашања со зборот на буквата „о“

„Прашањето е примено, одговор ќе добиете понатаму“, ваква реакција добивме вчера од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на прашањето дали претседателот има намера да си поднесе оставка. Денеска од кабинетот на Иванов никој не одговара на телефонските повици. Иако двапати претседателот ја погази и ја поништи одлуката за аболиција, а во Собранието за него се води расправа за импичмент, од неговиот кабинет...

Заев – Хајндл: Потребна е влада што ќе спроведе брзи и регуларни избори

Начините за излез од политичката криза биле тема на разговор на денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на специјалниот пратеник на сојузниот германски министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, амбасадорот Јоханес Хајндл. На средбата било истакнато дека постои согласност дека решението на политичката криза е во реализацијата на обврските од Договорот од Пржино од страна на...

Иванов – Хајндл: Нема повеќе место за избегнување на обврските од Пржино

Нема повеќе место за алиби, изговори и за избегнување на обврските од Договорот од Пржино, потенцирал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, амбасадорот Јоханес Хајндл. „Политичките чинители треба да покажат конструктивност, одговорност и висока свест за интересите на граѓаните и на државата“, рекол Иванов, стои во соопштението од...

Иванов помилува нови 26 лица

Истиот ден кога целосно ја поништи аболицијата, претседателот Ѓорге Иванов донел одлука за помилување на нови 26 лица од понатамошно издржување на затворските казни. Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“. Според она што може да се види, две лица целосно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, на шестмина затворските казни име...

Визуелизација на пишман-аболицијата на Иванов: Датуми, изјави и бројки

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, на 12 април, на прес-конференција, соопшти дека помилувал 56 лица - политичари и нивни соработници - за да стави крај на политичката криза. Наместо тоа, потегот на шефот на државата предизвика жестоки протести и реакции и кај нас и во светот. По месец ипол, на 27 мај, Иванов во обраќање до јавноста соопшти дека го повлекол помилувањето, но...

Израелски тенкови влегле во Рафах

Израелските сили вчеравечер влегле во Рафах со тенкови. Во градот во јужна Газа биле забележани напади од тенкови, артилерија, хеликоптери и дронови, пренесува Гардијан. Нападите врз Рафах изминатиот месец принудија...