ИРИ: Сè поголема е политичката нестабилност во Македонија

-

Политичката нестабилност во Македонија се зголемува, а довербата во демократските институции опаѓа, се вели во извештајот од анкетата направена на национално ниво од Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесе „Гласот на Америка“.

Анкетата покажала дека 20 проценти повеќе испитаници веруваат дека Македонија е помалку стабилна денес отколку пред една година. За 12 проценти е зголемен и бројот и на тие што се убедени дека Македонија оди во погрешен правец, споредено со јануари оваа година.

Песимизмот околу политичката состојба, се чини, е предизвикан од однесувањето на Владата во врска со скандалот со прислушувањето што беше разоткриен во 2015 година, велат изработувачите на истражувањето од ИРИ.

Шеесет и четири проценти од испитаниците изразиле неодобрување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на функционерите вмешани во овие превирања, а 63 проценти ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство што ги истражува случаите што произлегоа од овој скандал.

Претседателот на ИРИ, Марк Грин, резултатите ги гледа како „критичка потреба лидерите на Македонија да се фокусираат на реформи што одново ќе ја изградат јавната доверба во демократските институции на земјата“.

Анкетата опфатила 1.104 возрасни лица, кои во април биле интервјуирани лице в лице.

Путин не е цар на православието и не придонел за постоењето на Македонија

Објава на Фејсбук му го честита 72-от роденден на рускиот претседател Путин, тврдејќи дека без него дури не би постоела Македонија, па дури ни православието, чиј лидер или цар...