fbpx

Нема импичмент за претседателот Иванов

-

Со 35 гласа „за“ и со 47 „против“, без воздржани, отфрлен е предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, за кој пратениците расправаа во пет продолженија.

За предлогот да биде прифатен и да се поведе постапка за утврдување одговорност на претседателот, потребно беше двотретинско мнозинство, односно 82 од 123 пратеници да гласаат за разрешување на Иванов од функцијата претседател.

Во расправата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата на опозицијата е неоснована, а од СДСМ и од ДУИ изразија став дека претседателот мора да сноси одговорност за помилувањето на 56 лица, функционери и нивни соработници, и дека треба да си поднесе оставка.

Претседателот Иванов, на претседателските избори во 2014 година, освои 534.910 гласови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...