среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: аболиција | 335 резултати

Хан го поздрави целосното поништување на аболицијата и повика на преговори

6 јуни 2016

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, преку својот твитер-профил ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов целосно да ја поништи аболицијата на сите 56 политичари и нивни соработници и ги повика лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино да се вратат назад на преговарачката маса. „Поранешна Југословенска Република Македонија: Добредојдена одлуката на претседателот […]

СДСМ: Под притисок на граѓаните, Иванов целосно ја поништи срамната аболиција

6 јуни 2016

Под притисок на сите слободоумни граѓани, кои се на нозе за враќање на слободата, демократијата и на правдата, лицето Ѓорге Иванов целосно ги поништи сите срамни, незаконски и неуставни одлуки за аболиции, се вели во реакцијата на СДСМ по одлуката на Иванов целосно да ја поништи аболицијата. „Одлуката за аболиција Иванов ја донесе по нарачка на […]

Иванов целосно ја поништи аболицијата

6 јуни 2016

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска донел одлука да ги поништи и преостанатите 34 одлуки за помилување, кои ги донесе на 12 април оваа година, се вели во писмената изјава на Иванов, испратена од неговиот кабинет попладнево. Во соопштението се наведува дека по поништените 22 помилувања кои се однесуваа на политичари, до кабинетот на Иванов […]

Комисијата смета дека барањето за отповикување на Иванов е неосновано

6 јуни 2016

Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов не е основан, оцени собраниската Комисија. Пратениците на СДСМ, ДУИ и на ДПА гласаа „за“, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во комисијата, беа против. Но, без оглед на тоа што мнозинството смета дека нема основаност за барање одговорност од претседателот, пратениците на пленарна седница на 13 […]

Комисијата за импичмент на Иванов денеска треба да поднесе извештај до Собранието

6 јуни 2016

Денеска е последниот рок во кој Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, треба да поднесе извештај за работата и да каже дали предлогот за импичмент на Иванов е основан. Собраниската седница е закажана за 11 часот. На последната седница пратениците од СДСМ побараа претседателот на комисијата, […]

„Шарена револуција“: Вие кривични, ние похрабри

4 јуни 2016

На денешните протести на „Шарената револуција“ главна маскота беше импровизирана гатачка, настан инспириран од последните аудиозаписи што ја разбрануваа јавноста, а во кои, наводно, се слуша како премиерот Никола Груевски се советува со гатачка за својата кариера. „Гатачката“ вели дека предвидувала неславен крај за владејачката партија, а победа за „Шарената револуција“. Демонстрантите и денеска ја боеја Владата. […]

В понеделник комисијата треба да подготви извештај за импичментот на Иванов

3 јуни 2016

Пратеникот Горан Мисовски на денешната седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да расправаат за мотивите заради кои Иванов ги донел одлуките за аболиција. На ова, пратениците од владејачката партија му одговорија дека немаат мандат за тоа. Според […]

СДСМ: Најновиот ревизорски извештај за Град Скопје покажува бројни злоупотреби

3 јуни 2016

„Пералницата за пари, преку спомениците вредни повеќе од 630 милиони евра, не запира со голтање на народните пари. Најновиот ревизорски извештај за работата на Град Скопје за 2015 година, упатува на бројни злоупотреби“, обвини Александар Наумовски, претседател на градскиот одбор на СДСМ. „Надлежните институции молчат, го кријат криминалот. Јасно е дека во Македонија не функционираат институциите, […]

Кривичен суд: Апелaциjа не може да ни наложи да ги дадеме на СЈО доказите за „Пуч“

3 јуни 2016

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката од Апелацискиот суд Скопје во врска со жалбата на адвокатите на обвинитетите во случајот „Пуч“ против запирањето на постапката по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. „По поднесувањето жалба од страна на одбраната на обвинетите во однос на решението на […]

Ристовска: Сè уште нема одговор за тоа како Иванов дозна за тајните предмети на СЈО

3 јуни 2016

„Очекуваме и веруваме дека претседателот ќе ги почитува своите уставни обврски и дека ќе овозможи реализација на владеење на правото. Сè уште го очекуваме одговорот на прашањето што му го упативме, во врска со тоа од каде Иванов има информации за наши тајни предмети“, изјави на денешната прес-конференција Ленче Ристоска, обвинителка и портпаролка на Специјалното јавно […]

Денеска продолжува седницата на комисијата за импичмент на Иванов

3 јуни 2016

Денеска во 11 часот, во Собранието, треба да продолжи седницата на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на вчерашната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека […]

СЈО денеска со нова прес-конференција

3 јуни 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска, со почеток во 10 часот, ќе одржи прес-конференција. Во дописот од кабинетот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конференцијата. На последната прес-конференција, одржана на 21 април, СЈО го отвори случајот „ТНТ“, кој се однесуваше на уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. […]

СДСМ бара Иванов да одговара на прашања пред комисијата за импичмент

2 јуни 2016

Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на денешната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека тој прекршил неколку основни уставни и законски начела. Според Дескоска, Иванов за аболицијата има и политичка и правна одговорност. – Со вкупно 107 аболиции за 56 лица, […]

Манчевски: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на законот за СЈО

2 јуни 2016

Уставниот суд веднаш да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство, а срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов веднаш и целосно да бидат поништени, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. – Една од најголемите придобивки од Договорот од Пржино е формирањето на Специјалното јавно обвинителство, наводно поддржано […]

Крпач извршил самоубиство, покажала предистрагата на Обвинителството

2 јуни 2016

Коста Крпач, кој на 27 април годинава беше пронајден мртов во неговиот стан во Капиштец, со прострелна рана во градите, извршил самоубиство, покажала предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје. Во краткото соопштение од јавното обвинителство се вели дека иако предистражната постапка е тајна, тие ја споделуваат оваа инфромација со јавноста за да ги отстранат […]

„Шарената револуција“: За секој одземен чатал, ќе се враќаме со два нови

1 јуни 2016

Фонтаната на плоштадот „Македонија“, и објектите на Владата и Собранието денеска повторно беа мета на чаталите на „Шарената револуција“. Тргнувајќи од пред Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите  по булеварот Климент Охридски, се упатија кон владата. Таму со два чатала ја обоија фасадата на владата и порачаа дека за секој одземен чатал, тие ќе се врќаат со […]

Хојт Ји: Ќе продолжиме да даваме поддршка за излез од политичката криза

1 јуни 2016

Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека САД и ЕУ ќе продолжат да даваат поддршка за да се надмине политичката криза во Македонија. „Веруваме дека инволвираните страни во кризата во Македонија можат да најдат начин да излезат од неа. На […]

Утре ќе се одржи првата седница на Комисијата за импичмент на Иванов

1 јуни 2016

Утре во 11 часот во Собранието треба да се одржи првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Сè уште не се знае дали коалицијата на СДСМ ќе учествува во работата на оваа комисија, затоа што тие иако ја поднесоа иницијативата за импичмент […]

СДСМ: За послушникот Ѓорге Иванов не постои право и правна држава

1 јуни 2016

Ѓорге Иванов, човекот кој ги прекрши законите и највисокиот акт, Уставот на Република Македонија, не може да се повикува на правни норми, реагираат од СДСМ на изјавата на Иванов во Софија. „За послушникот Ѓорге Иванов не постои право и правна држава, тој само ги спроведува нарачките од Никола Груевски. Лицето Ѓорге Иванов наместо лицемерно да […]

Иванов: Уште ги чекам барањата од не-политичарите за поништување на аболицијата

1 јуни 2016

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Софија ги повика останатите помилувани лица од неговата листа, кои не спаѓаат во категоријата политичари, а сакаат да им биде поништена аболицијата, да достават барање до него. Иванов, во изјава за „Телма“ вели дека досега до неговиот кабинет не стигнало барање за повлекување на аболицијата. – Законот овозможува за сите […]

Страна 3 од 17