fbpx

„Вистиномер.мк“: Аболицијата на Заев нема врска со непостоечкиот член од Законот за помилување

-

Пратеникот Антонио Милошоски  на вонредна прес-конференција свикана вчера по Одлуката на Законодавно-правната комисија на Собранието, која е на мислење дека нема зошто да расправа по иницијативата на Владата за оценка на спорниот член од Законот за помилување, излезе со оценка со која вели дека постапката ќе прекине, зашто во тој случај на премиерот Зоран Заев немало да му важи аболицијата од поранешниот премиер Бранко Црвенковски, па ќе морало да се продолжи или повторно да се отвори судската постапка за случајот „Глобал“.

Зошто е ваквиот исход на СДСМ и нивните коалициски партнери, затоа што во последен момент станаа свесни дека опозицијата нема да се однесува на начин што ќе им овозможи тие да прават некакви изговори, и затоа што сфатија дека доколку Комисијата и Собранието донесат автентично мислење и толкување дека Членот 11 од Законот за помилување не постои, тој автоматски ќе мора да стане составен дел, односно да се избрише од Законот за помилување од 1993 година навамуИ тоа значи дека единствениот политичар корисник на Членот 11 од Законот за помилување, премиерот Заев, ќе немаше помилување и случајот „Глобал“ од 2008 година ќе мораше повторно да се отвори

[Извор: ПлусИнфо-А. Милошоски/изјава/Прес ВМРО-ДПМНЕ – 04.12.2019]

Ваквата изјава на Милошоски, според „Вистиномер.мк“ е невистина, барем според дел од професорите на Правниот факултет во Скопје и во Тетово, кои се на мислење дека членот навистина не постои.

„Вистиномер“ ќе се потпре на изјавите на тројца професори кои уште во 2016 година  аргументираа дека членот 11 од споменатиот Закон навистина не постои, а сосема е друго прашањето зошто Собранието не ја воспоставило во правно дејство одлуката за укинување на спорните измени на овој закон од 2009 година.

Членот 11 за кој се расправа и со кој претседателот на државата имаше право по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано., е член со кој беше аболициран Зоран Заев во 2008 година.

Мнозинството во Собранието по предлог на Владата на тогашниот премиер Никола Груевски во 2009 година, направи измени на Законот за помилување од 1993 година, со кои го избриша целосно тој член. Кога во 2016 година во среде најголеми политички турбуленции и веќе отворени барања на СЈО за притвори на повеќе лица осомничени со истрагите што ги поведе, на поранешното парламентарно мнозинство од тоа време предводено од ВМРО-ДПМНЕ, повторно им беше потребен тој член, за да може Ѓорѓе Иванов да го направи тоа што го направи, но за да останат принципиелни и да не го враќаат во игра преку Собранието, така да се рече го „проиграа“ Уставнт суд, кој со тесно мнозинство од 5 спрема 4 тогашни уставни судии, го укинаа целосно изменетото законско решение од 2009 година (сите одлуки и промени можете да ги видите ТУКА).

Сега, опозицијата, еве и преку пратеникот Милошоски, тврди дека ако се одело со автентично толкување на Собранието дека членот не постоел во 2016 година, тогаш сите акти на помилување од страна на Претседателот на Републиката ќе биле ништовни, вклучувајќи ја и таа за аболицијата на Заев.

Но, ниту така сметаше Владата кога ја поднесе иницијативата, ниту пак, така смета дел од правната наука како што рековме. Кога Владата го поднесе барањето, јасно мисли на одлуката на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, како и евентуална одлука од сегашниот претседател Стево Пендаровски. Во Законодавно-правната комисија, пак, решаваат да не постпауваат за автентично толкување за член што веќе не постои во правниот систем и со тоа се конзистентни на дел од правната наука, која за ова прашање се изјасни во 2016 година.

„Вистиномер“ пишуваше за овој проблем уште веднаш кога беше актуелен и во еден текст ги има изнесено мислењата на професорката Гордана Силјановска Давкова и на професорот Светомир Шкариќ. И двајцата се на став дека со укинувањето на измените од 2009 година, не значи дека останува на сила Законот од 1993 година, туку дека Собранието е тоа кое мора да поведе постапка повторно да воспостави закон со правна сила, т.е. во дадениот случај да го врати член 11. Нивните ставови можете да ги прочитате ТУКА.

И професорката Беса Арифи од Универзитетот на Југоисточна Европа го наведува истото толкување, а тоа и други детали можете да ги прочитате ТУКА.

Поради погоре изнесените аргументи, може да се оцени дека ставот на пратеникот Милошоски, кој е став и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со тврдење дека Заев ќе бил оштетен со евентуална одлука на Собранието да расправа за член 11, па затоа се донела таква одлука на Законодавно-правната комисија – е невистина.

Целиот текст можете да го прочитате на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...