fbpx

Мапирани и снимени 42 депонии во Националниот парк Маврово

-

Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот „Тритон“ од Ростуше, во соработка со НВО „Инфоцентарот“, ги мапираше дивите депонии во Долнореканскиот крај, се со цел, за да се обелодени и актуелизира сериозноста на повеќедеценискиот проблем со дивите депонии во Националниот парк Маврово. Со помош на локалното население од 11 села (Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште, Видуше, Жировница, Врбјане, Јанче, Аџиевци, Присојница и Скудриње) лоцирани се и снимени со дрон дури 42 депонии.

„Идејата на целата акција е да се поттикнат властите на локално и национално ниво, надлежните институции и граѓаните, да најдат ефикасно системско решение за чистење на дивите депонии, а потоа напорите да се насочат кон превенција од создавање други диви депонии“, истакнуваат активистите на „Тритон“.

Тие очекуваат поддршка од граѓаните во чистењето на дивите депонии, но очекуваат и да ги сменат старите навики и да прифатат нови решенија со кои ќе се заштитат природните убавини на националниот парк.

Снимениот видео материјал им бил презентиран на претставници од општините Маврово и Ростуше, месните заедници, Националниот парк и од Јавното комунално претпријатие „Маврово“.

„На средбата беа разгледани неколку предлози за решавање на проблемот со дивите депонии: засилено теренско присуство на комуналните редари, назначување инспектори, зголемување на казните за фрлен отпад, формирање на тело за надзор врз работата на комуналните редари, како и врз одделението за урбанизам и комунални дејности во општината“, информираат од НВО „Инфоцентар“.

За да се поттикне менувањето на навиките за фрлање отпад кај локалното население и за подигање на свеста за потребата од заштита на животната средина, во рамки на акцијата беа донирани и 40 канти за отпадоци, кои ќе бидат поставени во 10 населени места во Долнореканскиот крај.

Акцијата за мапирање на дивите депонии е реализирана во рамки на проектот „Активни граѓани за партиципативна локална демократија“, кој го спроведува НВО „Инфоцентарот“ со финансиска поддршка од Меѓународниот центар „Улоф Палме“.

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...