понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: диви депонии | 66 резултати

Од „Комунална хигиена – Скопје“ се пофалија дека расчистувале диви депонии

17 август 2023

Преку соопштение до медиумите Јавното претпријатие „Комунална хигиена -Скопје“ се пофали дека работело на расчистување диви депонии на територијата на Скопје. Притоа, како што велат оттаму, подигнале околу 300 кубни метри, претежно кабаст и градежен отпад. Наводно, активностите се одвивале во Злокуќани, на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, како и во општината Бутел – […]

Ќе се нагледаме ѓубре уште три-четири години, современи депонии дури во 2027 [инфографик]

27 април 2023

Македонија ќе ги започне инвестициите во воспоставување на регионалните системи за управување со отпад во втората половина на 2024 година, додека современите регионални депонии по стандардите на ЕУ ќе бидат завршени до септември 2027 година. Ова се генералните временски рамки за реализација на проектот вреден 55 милиони евра, за кој македонската влада во јануари годинава […]

Мета факт: Изградбата на мега паркот во Ново Село во тек, ѓубре уште се фрла околу локацијата

25 април 2023

Актуелниот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за време на предизборната кампања вети чистење на дивата депонија во населбата Ново Село и изградба на мега парк на оваа локација во близина на пречистителната станица за отпадни води на реката Лепенец. Идентично ветување испорача и скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна кампања „Програма за […]

Езерото и реката Треска денес – грозотии од расфрлано ѓубре и разурнати објекти [фото]

16 април 2023

Никогаш погрозно и потажно во историјата не излегале реката и езерото Треска. Десетина диви депонии по крајбрежјето на реката Треска околу селата Сарај и Шишево ги загадуваат речните води со најразновиден отпад, додека рушевините од некогашните објекти на езерото Треска до денешен ден го гнасат локалитетот којшто е испразнет од посетители. Само залутани странци кои […]

[Галерија] Расадникот во Кисела Вода претворен во нова дива депонија

10 март 2023

Текстил и сунгери исечени на делови и парчиња, мебел и градежен шут е дел од сликата која може да се затекне на локацијата „Расадник“ во скопската општина Кисела Вода. Според фотографиите направени утринава, овој дел од населбата очигледно несовесните граѓани го користат за да го фрлаат ѓубрето, со што буквално се направени неколку мали депонии. […]

Мета факт: Нема абер од чистење на дивите депонии во Скопје, кому му текне фрла ѓубре кај ќе стигне [фото]

31 јануари 2023

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна „Програма за модерно Скопје“ пред одржувањето на локалните избори во 2021 година како едно од клучните ветувања што ги даде пред граѓаните беше чистењето на сите диви депонии во првите 82 дена од нејзиното доаѓање на власт. Екипа на Мета.мк во текот на јануари 2023 година беше на […]

Мета факт: Споровозно се исполнува ветувањето за чистење на депониите во Источен и Североисточен регион

3 јануари 2023

Од 2020 година до денес, во континуитет се одолговлекува чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата во Источниот и Североисточниот плански регион. Причините за одложувањето беа од изборот на компании и надзор над работите што ќе ги чистат депониите, преку потребата од изработка на неопходната урбанистичка документација од општините за овие локации, до проблематизирањето на […]

Општините спас од ѓубрето гледаат во изведбата на современите регионални депонии

29 октомври 2022

Во Македонија во моментов има само две регионални депонии што се во функција во Скопскиот и Полошкиот плански регион – „Дрисла“ и „Русино“, но единствено скопската депонија има А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, иако и кај неа е неопходно да се инвестира во постројки за секундарна селекција и натамошен […]

Се чистат дивите депонии во Националниот парк „Шар Планина“

4 август 2022

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со директорот на Управата за животна средина при МЖСПП, Хисен Џемаили, и директорот на ЈУНП „Шар Планина“, Ибрахим Дехари, денеска направија обиколка на активностите за чистење на дивите депонии и транспорт на отпадот на дел од предвидените локации што се наоѓаат на територијата на Националниот […]

Општина Аеродром започна со чистење на дивите депонии, вклучувајќи ја и големата во Долно Лисиче

26 јули 2022

Општина Аеродром, заедно со службите на ЈП „Комунална хигиена“ неделава започнаа со чистење на дивите депонии на територијата на оваа скопска општина, информираат општинските власти. Акцијата за чистење на деловите од Општина Аеродром се реализира на локациите на кои во изминатиот период беше забележана поголема концентрација на отпад. Акцијата започна на локации во Долно Лисиче, […]

ЈП „Комуналната хигиена“ тврди дека исчистиле 150 диви депонии низ Скопје, бараат помош од државата

22 јули 2022

Скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ во периодот јануари-јуни 2022 година исчистило приближно 150 локации на кои имало диви депонии во главниот град, информираат денеска од ова претпријатие. Од дивите депонии во првите шест месеци од годинава тие остраниле 5.872 тони отпад во речиси сите скопски општини, а се пофалија и дека во периодот од 21 […]

Виница, Штип и Пехчево први ќе почнат со чистењето на депониите, за Североистокот ќе се бара нова компанија

18 јули 2022

Во дел од општините од Источниот плански регион при крај е подготовката на планско-урбанистичката документација за чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата, додека некои од локалните самоуправи и понатаму работат на изработката на документацијата која е предуслов за да се отпочне процесот. Општините Виница, Штип и Пехчево први ќе започнат со чистењето на натрупаниот […]

Ветувањето за град исчистен од ѓубре не се гледа на терен: Скопје, голема депонија ќе бидеш ти! [фото]

23 јуни 2022

Поминува осмиот месец од раководењето со градот на градоначалничката Данела Арсовска, а ветувањето за решавање на проблемот со дивите депонии во Скопје на терен не е исполнето. Арсовска во предизборието пред локалните избори лани вети дека во првите 82 дена ќе ги исчисти сите диви депонии на територијата на главниот град. Откога измина овој период […]

Проблемот со дивите депонии во Скопје повторно го третираме во „Шорткат“

23 јуни 2022

По половина година, во новата епизода на „Шорткат“ повторно го третираме проблемот со дивите депонии во Скопје. Обиколивме неколку локации низ главниот град, а она што го забележавме на овие места ќе може да го гледате вечерва на нашите канали на социјалните мрежи од 19 часот. Во „Шорткат“ информираме и за рекордниот број на ученици-повторувачи […]

Цела година се одлага чистењето на депониите и ѓубриштата во општините од источна Македонија

4 април 2022

Од март минатата година, преку април и септември, до ново ветување за претстојнава пролет. Ова е серијалот на ветувања од цела една година за почетокот на чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата што ги загадуваат водите, почвата и воздухот во 18 општини од Источниот и Североисточниот регион од земјава. Почетокот на пролетта пристигна, но засега […]

Започна чистењето на дива депонија во Шуто Оризари, друга повторно се создава кај железничкиот мост во Лисиче

28 март 2022

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд започна активности за отстранување голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари, во непосредна близина на спортската сала, информираат од ова јавно претпријатие. „Во координација со Градот Скопје и општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започнаа со отстранување на исклучително обемна дива депонија […]

Еден месец по појавата на дива депонија со градежен шут во Тетово, градските власти уште трагаат по решение

25 март 2022

Кон крајот на минатиот месец на локацијата кај стариот стадион во Тетово се појави нова дива депонија на инертен отпад, смет и други отпадоци од што се шири непријатна реа и дополнително се загадува воздухот и околината во Тетово. Справувањето со градежниот шут се врши на начин на кој создавачот на отпадот треба самиот да […]

„Шорткат“: Човекот кој се труди да му обезбеди дом на секое куче-скитник во Скопје

24 февруари 2022

Новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ ја претставува приказната на Ќемал Незири од Скопје, човекот кој се труди на секое куче да му обезбеди дом, наместо тоа да остане на улица. Незири со години сам, а од лани и во својот „Happy Shelter“, ги згрижува дури и најболните, отруените и осакатените кучиња. Вели дека […]

ЈП Комунална хигиена-Скопје го исчисти ѓубрето од авто-полигонот под Кале

21 февруари 2022

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд реализираа активности за генерално чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар, информираат од ова јавно претпријатие. „Во рамките на акцијата беа ангажирани 20 работници на терен, а отстранети се приближно 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад“, […]

Град Скопје никако да ја објави мапата со над 150-те исчистени депонии

14 февруари 2022

Чистењето на сите диви депонии за 82 дена и ревитализирање на просторот во чиста зелена површина, беше предизборно ветување на градоначалничката Данела Арсовска за самиот почеток од раководењето со Град Скопје. На 31 јануари 2022 година, во отчетот за сработеното, градоначалничката Арсовска ретерираше од ветувањето за чистењето на сите диви депонии и изјави дека во […]

Страна 1 од 4