„Шорткат“: Човекот кој се труди да му обезбеди дом на секое куче-скитник во Скопје

Новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ ја претставува приказната на Ќемал Незири од Скопје, човекот кој се труди на секое куче да му обезбеди дом, наместо тоа да остане на улица. Незири со години сам, а од лани и во својот „Happy Shelter“, ги згрижува дури и најболните, отруените и осакатените кучиња. Вели дека нема помош ниту од општината, ниту од државата, туку само од активистите кои ги сакаат животните.

Растот на цените на автобуските билети за меѓуградски превоз ги загрижи студентите во главниот град. Тие бараат да бидат заштитени од поскапувањата. Во ова издание на „Шорткат“ известуваме и за исчистениот отпад од дивата депонија под Скопското Кале, за која веќе објавивме и каде граѓаните со години несовесно фрлаат отпад. Во „TED говор“, пак, 14-годишниот Јане Велковски зборува за моќта на помошните технологии на лицата со попреченост.

Новото, 25 издание на „Шорткат“ ќе може да се погледне вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм.