fbpx
Таг: диви депонии

таг: диви депонии

Месецов почнува чистењето и затворањето на 77 депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион

Завршен е изборот на двете компании што ќе го вршат надзорот и претстојниов месец ќе започне чистењето на несоодветните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во 18-те општини од овој дел на земјава ќе се чистат 70 диви депонии (ѓубришта) и 7 од постојните нестандардни општински...

Поднесена тужба до надлежните поради непреземање мерки против дивата депонија во Струга

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во јануари годинава поднесе тужба против Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСП), Општина Струга и против Јавното претпријатие „Комунално“ од Струга поради непреземање мерки за справување со дивата депонија, која подолг период постои во градот. Депонијата постои, а тужените, не ги почитуваат и извршуваат обврските кои ги имаат врз основа на Законот...

Порталб: Исчистената мала депонија кај тетовска бања повторно почна да се полни

Малата депонија околу реката кај тетовска бања, за чие постоење Порталб.мк го извести општинскиот инспекторат, е исчистена. Меѓутоа, таа повторно се загадува поради небрежноста што инспекторатот за животна средина во Тетово ја покажува цело време кога е во прашање откривањето на загадувачите на животната средина, пишува Порталб.мк. Од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово не откриваат детали за тоа кога ја...

УНЕСКО: Властите за три години да го решат проблемот со дивите депонии во Југозападниот регион

Во последниот Нацрт-извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата, Југозападниот плански регион и општините мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково и Мауцкер во Охрид, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни ѓубришта во регионот, а просторот соодветно да го исчистат и...

Годинава ќе почне чистењето на сите несоодветни депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион

Чистењето и затворањето на несоодветните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот регион на земјава ќе чини 9 милиони евра. Со овие финансиски средства ќе се чисти натрупаното ѓубре на нестандардните депонии од јавните комунални претпријатија, како и фрлањето на отпадот од несовесните граѓани на забранети локации. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека избрани...

Општината чисти отпад и диви депонии на неколку локации во Струга

Јавното комунално претпријатие - Струга продолжи со акцијата за чистење на неправилно одложениот отпад во повеќе населени места на територијата на Општина Струга. Сe започна со расчистување и отстранување на комуналниот отпад од дивата депонија помеѓу Џамијата и зградата на улица „Партизанска“. Од дирекцијата на комуналното претпријатие апелираат до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежен шут...

Порталб: После многу години ветувања, конечно се чисти депонијата во тетовската „Ромска населба“

Една од најголемите депонии во Тетово, кoja се наоѓа во „Ромската населба“ после неколку години конечно ќе се отстрани. Општинските власти известуваат дека веќе шест дена се одвиваат работи и, како што велат, ќе се исчисти и целото речно корито на Пена. „Порталб.мк“ постојано информираше за опасноста што ја носи оваа депонија за граѓаните, особено за жителите од околината,...

Проблемот со третманот на отпадот го „ставаме под тепих“, резултат ни се дивите депонии [мултимедија]

Изградбата на регионалните депонии со години наназад е „жежок костен“ во рацете на македонските власти, кои проблемот со реализација на проектите постојано си го префрлаат од локалната на централната власт и обратно. Како резултат на ова, по повеќе од една деценија наназад, во земјава не е формиран ниту еден современ систем за третман на отпадот со негова селекција и...

Не им се плаќа по 200 денари на „Дрисла“, па несовесни граѓани го исфрлаат градежниот шут кај ќе стигнат

Вложуваат по десетици или стотици илјади денари во реновирање или реконструкција на станови, куќи или канцеларии, а не сакаат да платат 200 денари за фрлање на градежниот шут на депонијата „Дрисла“. Речиси секојдневно, несовесни граѓани и градежни работници во Скопје го расфрлаат градежниот отпад кај ќе стигнат. Граѓаните од населбата Трнодол вчера со видео снимка фатија работници како одлагаат отпад...

Министерот за животна средина Нуредини: Полицискиот час покажа дека голем процент од загадувањето доаѓа од транспортот и индустријата

Признавајќи дека сепак е далеку целта поставена со Планот за чист воздух за Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека во борбата за почист воздух треба да се направат уште многу контроли и проверки. Нуредини потенцира и дека за разлика од претходниот став на власта, полицискиот час,...

План за управување со отпадот до 2030 година – многу амбиции, малку извори на финансии

Северна Македонија е на прагот да добие нов Национален план за управување со отпад за периодот 2020-2030 година, со многу амбициозни проекти за реализација, но засега со премалку пронајдени финансиски средства за нив. Меѓу целите што се поставени во овој стратешки документ, би требало да се врши собирање на мешаниот цврст комунален отпад од сите домаќинства во земјава, а...

Произведуваме толку многу отпад, што не можеме ниту да го собереме [инфографик]

Од година во година создаваме сè повеќе комунален отпад, а речиси на една третина од ѓубрето што го создаваме му се губи трагот. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, лани во земјава биле создадени 915.943 тони комунален отпад. Годишното количество на создаден комунален отпад во 2019 година изнесувало 456 килограми по глава на жител, што е рекордна...

По две години пишување текстови, државата најде пари за чистење на депонијата во Визбегово

Со изгласаниот ребаланс на државниот буџет на Министерството за животна средина и просторно планирање му биле доделени 20 милиони денари (325.000 евра) за чистење на дивата депонија во близина на скопското село Визбегово, пишува порталот „СДК.мк“. Со планираното чистење на дивата депонија е планирано да се спречи и натамошното палење на отпад на ова место, а коешто предизвикува загадување...

Не е само Вардариште депонија, туку целото корито на Вардар кон Јурумлери и излезот на Скопје

Поранешната депонија Вардариште, која и денеска е горлива еколошка точка за граѓаните на општините Аеродром и Гази Баба, ги скара скопскиот градоначалник Петре Шилегов со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Власта и опозицијата се караат, а на терен може да се забележи секојдневно фрлање на ѓубре на целиот потег од Вардариште кон Јурумлери и останатите населби на излезот од Скопје, каде...

ВМРО-ДПМНЕ со протести против дивите депонии и загадувањето во Скопје (фото)

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје протестираше под мотото „Загадувањето убива кога власта е неспособна - Стоп за депониите“. Само дваесетина луѓе се собраа во скопската населба Злокуќани, на улицата „Скупи“ во Општина Карпош, за да го искажат својот револт за негрижата за загадениот воздух и дивите депонии од страна на власта. „ВМРО-ДПМНЕ апелира власта под итно да престане со...

Кривична пријава за тепачите од Вардариште, Шилегов очекува полицијата да почне да си ја врши работата

„Згрозен сум од Наќе Чулев. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите што би ни обезбедиле нормално функционирање придонесува за анархија чијшто резултат е она што вчера се случи со двајцата инспектори, од кои едниот е во тешка здравствена состојба“, изјави денеска Петре Шилегов градоначалник на Скопје, прашан да го искоментира тоа што инспекторите на Град Скопје континуирано...

Општина Дебрца мака мачи со дивите депонии

По уредувањето на дивата депонија во местноста „Царо Поле“, село Ново Село, службите на Општина Дебрца започнаа со чистење и уредување на уште една поголема депонија во општината, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на реката Сатеска, на влезот од село Волино. Просторот кој претставуваше грда слика и на кој беа депонирани поголемо количество на градежен шут, комунален и...

Мапирани и снимени 42 депонии во Националниот парк Маврово

Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот „Тритон“ од Ростуше, во соработка со НВО „Инфоцентарот“, ги мапираше дивите депонии во Долнореканскиот крај, се со цел, за да се обелодени и актуелизира сериозноста на повеќедеценискиот проблем со дивите депонии во Националниот парк Маврово. Со помош на локалното население од 11 села (Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште, Видуше, Жировница, Врбјане,...

Спасовски: МВР заедно со инспекторите на терен ќе ги гони загадувачите

Полицијата заедно со инспекторите, најавија дека на терен ќе ги ловат загадувачите. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по координативниот состанок во владата со премиерот Зоран Заев, на кој покрај него присуствуваа и министерот за животна средина Насер Нуредини, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и инспекторатите за животна средина и на локалната самоуправа,...

Владата со нов закон ќе ги затвора дивите депонии и ќе го зголемува рециклирањето

Министерство за животна средина и просторно планирање подготвува Закон за управување со отпадот, со кој би се воспоставил функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено ќе се затворат сите нестандардни депонии и ѓубришта. Во објавата на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека новиот закон ќе се овозможи регионално собирање,...

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...