fbpx

[Галерија] Расадникот во Кисела Вода претворен во нова дива депонија

Текстил и сунгери исечени на делови и парчиња, мебел и градежен шут е дел од сликата која може да се заткне на локацијата „Расадник“ во скопската општина Кисела Вода

-

Текстил и сунгери исечени на делови и парчиња, мебел и градежен шут е дел од сликата која може да се затекне на локацијата „Расадник“ во скопската општина Кисела Вода. Според фотографиите направени утринава, овој дел од населбата очигледно несовесните граѓани го користат за да го фрлаат ѓубрето, со што буквално се направени неколку мали депонии.

Станува збор за неизградено земјиште, а од Општина Кисела Вода неодамна посочија дека во локалниот буџет за 2023 година предвидени се средства за изработка на Детален урбанистички план за оваа локација и дека и веднаш по изборот на идејното решение на меѓународниот конкурс ќе се пристапи кон спроведување на тендерска постапка за избор на изведувач за изработка на ДУП-от за „Расадник“.

Општинските власти велат дека и во новиот меѓународен конкурс што треба допрва да биде објавен, јасно ќе бидат поставени условите за локацијата „Расадник“ – да има минимум 100.000 метри квадратни парк-шума, но и објекти од јавен карактер, како што се: високообразовна институција, основно училиште, градинки, верски објект и други инфраструктурни објекти од јавен интерес.

Во јануари годинава беше поништен меѓународниот архитектонско-урбанистички конкурс за избор на идејно решение, затоа што до истекот на крајниот рок биле доставени само четири конкурсни труда, а требало да бидат доставени барем седум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...