Проблемот со дивите депонии во Скопје повторно го третираме во „Шорткат“

По половина година, во новата епизода на „Шорткат“ повторно го третираме проблемот со дивите депонии во Скопје. Обиколивме неколку локации низ главниот град, а она што го забележавме на овие места ќе може да го гледате вечерва на нашите канали на социјалните мрежи од 19 часот.

Во „Шорткат“ информираме и за рекордниот број на ученици-повторувачи во средните училишта во земјава, кој беше забележан во учебната 2021/2022 година. Во најновата епизода ќе може да дознаете нешто повеќе за бројот на возила коишто сообраќале по нашите патишта лани, за уништувањето на уличната библиотека во Градскиот парк во Скопје, но и за тажната приказна за напуштањето на домашните миленици од нивните сопственици во летниот период.

„Шорткат“ беше и на модната ревија Метаверзум или универзум“ што беше организирана со креациите на студентите од Технолошко-металуршкиот факултет, при што ќе имаме прилог за тоа како помина овој настан.