fbpx
Таг: диви депонии

таг: диви депонии

Град Скопје никако да ја објави мапата со над 150-те исчистени депонии

Чистењето на сите диви депонии за 82 дена и ревитализирање на просторот во чиста зелена површина, беше предизборно ветување на градоначалничката Данела Арсовска за самиот почеток од раководењето со Град Скопје. На 31 јануари 2022 година, во отчетот за сработеното, градоначалничката Арсовска ретерираше од ветувањето за чистењето на сите диви депонии и изјави дека во предизборието мапирале 120 диви...

И по состанокот на градоначалниците, Свети Николе против изградба на регионалната депонија кај Мечкуевци

Градоначалниците од Источниот плански регион вчера ја одржаа првата седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпадот во Источен плански регион. Овој одбор ќе ја следи работата на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“, коешто до денешен ден не е дооформено. Со овој одбор ќе претседава градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов. Државниот секретар во Министерството за...

Џабе се жалиме дека ѓубрето нè труе ако ја спречуваме изградбата на современи депонии

Одложувањето на изградбата на регионалните депонии во земјава единствено е на штета на граѓаните и на животната средина. Покрај тоа што ги загадуваат почвите, водата и воздухот, постојните општински депонии се со ограничен капацитет и тие еден ден ќе се наполнат. Од друга страна, регионалните депонии што би се изградиле се поразлични од она што го имаме сега, бидејќи...

Арсовска: Исчистивме 150 диви депонии низ Скопје, ако има уште, пријавете ги

Чистењето на дивите депонии на територијата на Град Скопје е еден од проектите за коишто скопската градоначалничка Данела Арсовска рече дека се исполнети во првите 82 дена од нејзиното раководење со главниот град. Таа рече дека во текот на предизборието мапирале 120 диви депонии низ целиот град, а досега успеале да исчистат над 150. Арсовска изјави дека за првпат...

Во новата епизода на „Шорткат“, репортажа од дивите депонии во Скопје

Репортажа од дивите депонии низ Скопје коишто не се исчистени, иако беа ветени дека ќе се исчистат во првите 82 дена од раководењето на градоначалничката Данела Арсовска. Ова е главната тема во новата емисија за млади „Шорткат“, а на темата за проблемот со отпадот во земјава информираме и за најавеното отпочнување со чистење на депониите и ѓубриштата во Источен...

И по 82 дена, Данела Арсовска не ги исчисти сите диви депонии низ Скопје [галерија]

Првите 82 дена од раководењето со Градот Скопје на градоначалничката Данела Арсовска изминуваат во петок на 28 јануари, што беше и повод за Мета.мк да го провери на терен исполнувањето на едно од најзначајните ветувања што ги даде во текот на предизборната кампања за последните локални избори - чистењето на сите диви депонии во Скопје. Ставањето крај со дивите депонии...

Пролетва се најавува конечно старт на чистењето на депониите во Источен и Североисточен регион

Минатата година се дадоа неколку рокови за почетокот на чистењето на нестандардните општински депонии во Источниот и Североисточниот плански регион, но ниту еден не беше испочитуван. Сега, од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека напролет треба конечно да стартуваат активностите на терен. Во моментов нема видлива активност на локациите натрупани со ѓубре, но периодов се...

Градот Скопје почна да чисти депонии на приватни имоти, но и да ги казнува сопствениците

Инспекторите за животна средина на Град Скопје деновиве почнаа акција за чистење и казнување за приватни депонии, односно имот на кој сопствениците дозволиле од негрижа или од лукративни причини да се креира отпад во скопските општини, информираат градските власти. Врз основа на пријава од граѓани или самоиницијативно, инспекторите за животна средина прво вршат инспекциски надзор, ја констатираат состојбата на терен...

Градските власти почнаа да ја чистат депонијата кај железничкиот мост меѓу Трубарево и Лисиче

Градот Скопје денеска започна со чистење на депонијата кај железничкиот мост на реката Вардар на потегот помеѓу Трубарево и Лисиче. На оваа депонија во општина Гази Баба секојдневно се исфрла комунален отпад и градежен шут кој придонесува кон загадување на почвата, подземните води и воздухот, информираат градските власти. „Градот во соработка со јавните претпријатија интензивно ќе работи на целосно чистење...

Лани собрани 11.000 кубици од скопските ѓубришта, се пишувале по 3-4 записници за расфрлан отпад секој ден

Скопска „Комунална хигиена“ лани собрала 11.000 метри кубни расфрлан отпад по дивите депонии во главниот град, а во 2021 година нивната еко-патрола изготвила вкупно 1.359 информативно-едукативни записници на граѓани и правни субјекти коишто биле затекнати како неправилно одлагаат отпад. Во просек, лани се пишувале по 3-4 записници за расфрлан отпад секој ден, а по врачувањето на записниците, сторителите отстраниле вкупно...

Истражување: Преку ветровите микропластиката во воздухот се шири на илјадници километри

Неадекватното управување со отпадот во делови од светот, вклучувајќи ја и Македонија, предизвикува ширење на опасни отпадни материи преку ветерот на големи растојанија што се наоѓаат далеку од локациите на расфрланото ѓубре. Научниците од Националниот истражувачки институт ЦНРС открија присуство на микропластика што потекнува од Африка и Северна Америка во воздухот на Пиринејските планини, и тоа на надморска височина од...

Никако да започне чистењето на дивите и општинските депонии во Источниот и Североисточниот регион

Од март преку април до септември. Ова беа досегашните ветувања за почеток на чистењето на дивите и општинските депонии што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион. И по поминати неколку месеци, од Министерството за животна средина и просторно планирање нема прецизна информација за тоа кога официјално ќе почне затворањето на општинските депонии во 18-те општини од двата...

Чистењето на расфрланиот отпад во Источниот и Североисточниот регион ќе започне во септември

По неколку одложувања на почетокот на работите, во септември треба да започне чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во моментов се вршат подготвителните активности за расчистувањето на отпадот и рекултивација на локациите, додека целокупниот проект е предвидено да...

ДИЖС: Општина Тетово не може да се санкционира, но може да ѝ се одземат овластувањата поради депониите

Општина Тетово не може да биде санкционирана за нечистење на безбројните диви депонии што се создадени на нејзината територија и во околината, бидејќи тоа не е законски дефинирано. Досегашната директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ана Петровска за Порталб.мк изјави дека такво нешто не е предвидено со закон, но, сепак, според неа, постои можност на општината да...

Проблемот со третманот на отпадот никако да се реши во земјава, можна солуција е преработката за енергија

И покрај тоа што во Македонија една и пол деценија се зборува за регионални системи за управување со отпад и за негов современ третман, многу малку е направено во реалноста во изминатиов период за изградба на модерните регионални депонии. Во меѓувреме, количеството на создаден комунален отпад во континуитет расте, а бројот на диви депонии во земјава непрекинато се зголемува....

Куманово со „ГЕНЕРАЛКА викенд“, Димитриевски апелира да не се исфрла отпадот непрописно

Апелирам до граѓаните да не го исфрлаат отпадот непрописно, никогаш не можеме да исчистиме толку колку што самите може да уништиме и загадиме, порача градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, на почетокот на еколошката акција ГЕНЕРАЛКА викенд во рамките на проектот „Зелена сончева“, кој се одвива под мотото „За чисто како дома исто“. Во акцијата учествуваат и Секторот за комунални...

Чистењето на депониите во Источен и Североисточен регион со нов рок – работите ќе почнат кон средината на мај

Чистењето на ѓубриштата и нестандардните депонии во општините од Источниот и Североисточниот плански регион треба да започне кон средината на мај, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Работите за затворање на овие горливи точки што ја загадуваат животната средина е повторно одложена, а последното објаснување беше дека во првата тендерска постапка не била избрана...

Неколку месеци по интервенцијата на Град Скопје, кејот на Вардар кај Трубарево пак е дива депонија [галерија]

Само неколку месеци откако Градот Скопје интервенираше кај поранешната депонија Вардариште за рушење на дивите рампи пробиени кон коритото на реката Вардар, кејот од Вардариште во правец кон Трубарево повторно е претворен во огромна депонија. Камиони, колски коли и комбиња пристапуваат по земјени патишта во правец од населбата Лисиче, го минуваат железничкиот мост и преку дивите рампи, го истураат...

МВР: Кривична пријава за трупање градежен шут и смет во бунарското подрачје „Нерези Лепенец” во Карпош

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против Ј.С. од село Шишево и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 став 1 од Кривичниот законик. Кривичната пријава ја поднело СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, информираат...

За еден месец одложен почетокот на чистењето на депониите и ѓубриштата во Источен и Североисточен регион

Наместо кон крајот на март, чистењето на нестандардните депонии и ѓубриштата лоцирани во општините од Источниот и Североисточниот плански регион ќе започне со задоцнување од еден месец. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ објаснуваат дека активноста доцни затоа што во првата тендерска постапка не била избрана компанија како најдобар понудувач, по што се повторила постапката за...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...