петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Маврово | 50 резултати

Анима Мунди бара забрана за изградба на стрелиште во Маврово

јули 12, 2024

Во близина на детското одмаралиште Бунец, некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси, реагираат од невладината организација Анима Мунди. Оттаму тврдат дека се гради стрелиште […]

Ќе се заштитуваат ендемски растенија и ќе се наплатува влез – националните паркови со проекти за буџетски пари

март 15, 2024

Сите четири национални паркови во земјава „Пелистер“, „Маврово“, „Галичица“ и „Шар Планина“, поднеле проекти до Министерството за животна средина кои треба да се финансираат од државниот буџет. Министерството годинава одлучи за првпат да додели државна помош на овие институции и со тоа директно да учествува во заштитата на природата. Предвидени се 20 милиони денари, а […]

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста за ДУП-овите во Маврово

јануари 24, 2024

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово донесена на ден 26.02.2015 година и Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никофорово и Анови објавена во службен гласник за општина Маврово и Ростуше на ден 19.07.2001 […]

Бавни и задоцнети еколошки проекти во годината што измина

јануари 6, 2024

Заштитата на животната средина и во 2023 година не беше меѓу врвните приоритети на македонските политичари. Традиционално, децениските проблеми со недостатокот на финансии, на капацитети во институциите и на конкретни проекти кои даваат видливи резултати, се повторија и во изминатите 12 месеци. Оние проекти, пак, кои се отпочнати и се во тек, се реализираа бавно […]

ЦУК: Забрана за товарни возила oд Дебар до Маврово, без струја се Врапчиште и Лазарополе

ноември 26, 2023

Патниот правец Прилеп – Македонски Брод (превој „Барбарас“) има забрана за возила потешки од 3 тони, a регионалниот пат Прилеп – Витолиште (Мариово), не е исчистен и е прооден само за теренски возила, информира Центарот за управување со кризи. Снегот кој паѓаше ноќеска на територија на државава, без електрична енергија ги остави селата Врапчиште, како и […]

Владата даде рок од 3 месеци за да се најдат можни места за дислокација на кафеавите мечки

октомври 18, 2023

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од 3 месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки. Ова е дел од одлуката на вчерашната владина седница, а во врска со зголемениот број мечки во Маврово […]

Анима Мунди: Институциите да најдат решение што нема да предвидува отстрелување на мечките во Маврово

септември 30, 2023

Граѓанската организација за заштита на животните Анима Мунди денеска повика надлежните иснтитуции да најдат решение за зачестената појава на кафеава мечка во селата во Националниот парк Маврово, што нема да резултира со убивање на животните. Од таму посочуваат дека мечката е важен и витален дел од националните паркови т.н. инжињер на екосистемот. Таа го одржува […]

Да се исчисти ѓубрето во Маврово, за мечките да не се симнуваат во селата

септември 27, 2023

Да се отстранат сите ѓубришта и диви депонии околу населените места и локалните патишта, навремено да се чисти сметот, да се затворат со метална ограда сите места за одлагање на комунален отпад и да се обезбеди контрола на сите објекти во кои се чува храна кои можат да бидат лесно достапни и се во близина […]

Поради голем број мечки, се бара прогласување на кризна состојба во Маврово

септември 26, 2023

Советниците на општина Маврово и Ростуше во најкраток можен рок да организираат вонредна седница на која ќе се бара прогласување на кризна состојба на територијата на општината, поради сè почестата појава на кафеавата мечка во населените места. Ова е денешниот заклучок од денешната средба во Маврови Анови, направена по иницијатива на ЈУНП „Маврово”, меѓу претставниците […]

Со недели доцни скијачката сезона поради топлото време, туристичките центри низ земјава во була

јануари 19, 2023

„Многу топол ноември“ и „екстремно топол декември“ е главната констатација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во изработените месечни извештаи за временската состојба во Македонија за последните два месеци од 2022 година. На скијачките центри во земјава снег немаше паднато до 9 јануари, додека почетокот на скијањето доцни со недели и се очекува да започне […]

„Маврово“ и „Шара“ стануваат дел од најголемата заштитена зона во Европа

декември 12, 2022

Националните паркови „Маврово“ и „Шар Планина“ ќе станат дел од најголемиот прекуграничен парк во Европа, заедно со Паркот на природата „Кораб-Коритник“ во Албанија и Националниот Парк „Шари“ на Косово. Министерот за животна средина Насер Нуредини, заедно со колегите од Албанија и Косово, Мирела Кумбаро и Либурн Алиу викендов, по повод Меѓународниот ден на планините, во […]

ДИК ги објави конечните резултати за изборите во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

август 23, 2022

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од […]

Екологистите побараа од министерот Нуредини времено да го заштити Маврово додека не се усвои законот за репрогласување

јули 12, 2022

Националниот парк „Маврово“ да добие привремена заштита, додека не се репрогласи како заштитено подрачје според новиот закон, побараа 28 граѓански здруженија. Барањето, кое е поддржано и од 21 пратеник од интерпартиската парламентарна „Зелена група“, денеска на средба со претставници на Националниот парк „Маврово“, Македонско еколошко друштво (МЕД), „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“, му беше предадено и […]

Националниот парк „Маврово“ уште чека репрогласување, екологистите велат штетите се непоправливи

март 6, 2022

Репрогласувањето на националниот парк „Маврово“ ќе мора да почека нова Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје. Последната е направена во 2011 година, и според Министерството за животна средина, е стар документ што не содржи податоци за реалната состојба со природното наследство на националниот парк. Минатата година раководството на Националниот парк ја достави оваа Студија со […]

ЕСМ и МЕПСО работат на далноводот за Маврово, електраните „Црн Дрим“ повторно поврзани

декември 13, 2021

По големите дефекти и прекини на далноводите во западниот и југозападниот дел на земјава, АД ЕСМ соопшти дека интензивно се работело и се работи на доведување на состојбите во нормала. Електраните на на ХЕС „Црн Дрим“, по санирањето на далноводите по кои ја испорачуваа струјата, повтнорно се вклучени во електроенергетскиот систем. Поради снежните врнежи и […]

Земјотрес почувствуван во Маврово и Гостивар

мај 20, 2021

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 12 часот и 06 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 километри југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда M L 2.3. „Според досегашните податоци овој земјотрес беше […]

Пробиени лавините кај Бигорскиот манастир, сообраќајот е нормализиран

март 22, 2021

Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир утрово е нормализиран, откако ноќеска се пробиени лавините што вчера паднаа на делницата Дебар – Жировница. Градоначалникот на Маврово Ростуше Медат Куртовски синоќа на својот фејсбук- профил објави дека едно лице е повредено во лавините што вечерtа паднаa во близина на бензиската пумпа кај […]

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер беше регистриран во реонот на Маврово

март 13, 2021

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистиран во 22.17 часот со епецентар на 65 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. „Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската […]

Гостивар, Маврово и Попова Шапка стануваат ПИП Центри за туристички развој

декември 22, 2020

Во Гостивар, Маврово и Попова Шапка ќе се стават во функција ПИП (паметни, инфо и промо) центри за туристички развој. За нивно опремување се вложени 6.437.054 денари (104.000 евра) во рамки на Полошкиот плански регион, а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Тие треба да овозможат полесен пристап до информации и развој на […]

Земјотресот утринава најсилно почувствуван во Гостивар и Маврово

ноември 11, 2020

Телеметриската сеизмолошка мрежа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, рано утринава во 04 часот и 54 минути, регистрирала земјотрес чиј што епицентар се наоѓа 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот бил со локална магнитуда од пет степени според Рихтер и […]

Страна 1 од 3