Фото: Shefali Lincoln на Unsplash

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистиран во 22.17 часот со епецентар на 65 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите делови со интензитет од III-IV степени според истата скала,“ се вели во соопштението.

Според Европско-медитеранскиот сезимолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.

Претходно беа регистрирани и други послаби земјотреси во истиот регион.