fbpx
Таг: Рихтер

таг: Рихтер

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер почувствуван во југозападниот дел на земјата

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтеровата магнитуда бил почувствуван сношти во 21 часот и 17 минути во југозападниот дел од земјата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот е регистриран во епицентралното подрачје Дебарца-Илинска Плакенска Планина, а според Европската макросеизмичка скала, интензитетот на потресот бил околу III степени.

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер беше регистриран во реонот на Маврово

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистиран во 22.17 часот со епецентар на 65 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. „Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите...

Земјотресот утринава најсилно почувствуван во Гостивар и Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, рано утринава во 04 часот и 54 минути, регистрирала земјотрес чиј што епицентар се наоѓа 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот бил со локална магнитуда од пет степени според Рихтер и најсилно бил почувствуван во Гостивар...

Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер во Охридско

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5:09 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар бил на 114 км југозападно од Скопје, и потекнува од Охридското епицентрално подрачје. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од 3.4, а бил почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот од Албанија кај нас почувствуван со пет степени

Најсилниот од серијата земјотреси во Албанија, 6,4 степени според Рихтер беше почувствуван и во Македонија. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е почувствуван со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, од четири до пет степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од три до четири степени во источните...

Земјотрес во Албанија почувствуван во цела Западна Македонија и во Скопје

Земјотрес што се случил во 11.01 часот денеска на територијата на соседна Албанија е почувствуван во цела западна Македонија и во Скопје. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил на 170 километри западно од Скопје, а бил со Рихтерова магнитуда од 5,1. Во регионите на Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар со интензитет од 4 степени според...

Земјотрес со јачина од 8,2 степени ја погоди Алјаска

Силен потрес со јачина од 8,2 степени по Рихтерова скала денеска го погоди заливот на Алјаска. Американските служби издадоа предупредување за цунами кое е во сила за подрачјето на Алјаска, западниот брег на Канада, САД, Хаваите, Американска Самоа и Гуам. Епицентарот на земјотресот е забележан на длабочина од 19,3 километри, 281 километри југоисточно од градот Кодиак на Аљаска.

Земјотрес вечерва близу Велес

Земјотрес со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала и магнитуда од 2,6 степени според Рихтер е почувствуван вечерва во Велес и околината, со епицентар близу селото Каратманово, извести Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот се случил во 19.07 часот.

Утрово повторно земјотрес во Дојран со интензитет од 3,3 степени според Рихтер

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во дојранското епицентрално подрачје. Земјотресот бил регистриран утрово во 4 часот и 6 минути. Ова е еден од серијата земјотреси што оваа недела го тресат Дојран и околината. Вчера, земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Косово, а се...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди Битола

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер во 11.55 часот ја погоди Битола. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 3 километри северно од Битола и на длабочина од 2 километри. Земјотресот бил почувствуван и во пониските објекти во Битола.

Земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени синоќа почувствувани во Охридско

Во текот на изминатата вечер во охридското епицентрално подрачје биле почувствувани два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот со јачина од 3,6 степени е регистриран во 22.52 часот, а тој со јачина од 3,7 степени бил во 21.31 часот. Во текот на ноќта во Охридскиот Регион не биле почувствувани посилни земјотреси. Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека биле...

Земјотрес од 6,5 степени ја погоди Суматра

Силен земјотрес со јачина 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа кај индонезискиот остров Суматра. Засега нема податоци за евентуалната причинета штета или повредени. Земјотресот е регистриран на длабочина на околу 50 километри, на 140 километри од градот Паданг. Потресот ги испаничил жителите на Паданг, кои излегле на улиците. Официјални лица соопштија дека нема опасност од цунами. Повеќе од 200.000 луѓе загинаа во...

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер го погоди Еквадор

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер се почувствува во Еквадор, во Јужна Америка. Земјотресот се почувствувал на 34 километри од градот Роза Зарате и на 36 километри од градот Мисин во кој се уште се чувствуваат последиците од претходните земјотреси. Повеќе од 600 лица загинаа, а повеќе од 2.500 луѓе беа повредени кога земјотрес со јачина од 7,8 степени...

Најмалку седум загинати во земјотрес во Тајван

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди јужниот дел на Тајван, загинаа најмалку седум луѓе, меѓу кои две деца. Земјотресот предизвика уривање на најмалкуи четири згради, од кои една од 17 ката. Околу 230 луѓе се спасени од урнатините, додека 380 лица се повредени во земјотресот. Сè уште се трага по 26 луѓе. Силниот земјотрес бил со интензитет од 6,4 степени според...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...