Ноќеска се пробиени лавините кај Бигорскиот манастир. Фото: Медат Куртовски, градоначалник на Маврово-Ростуште

Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир утрово е нормализиран, откако ноќеска се пробиени лавините што вчера паднаа на делницата Дебар – Жировница.

Градоначалникот на Маврово Ростуше Медат Куртовски синоќа на својот фејсбук- профил објави дека едно лице е повредено во лавините што вечерtа паднаa во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир.