fbpx

Владата даде рок од 3 месеци за да се најдат можни места за дислокација на кафеавите мечки

Владата на вчерашната седница го задолжила Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на државата

-

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од 3 месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки.

Ова е дел од одлуката на вчерашната владина седница, а во врска со зголемениот број мечки во Маврово и Ростуше, за што подолг период се жалат жителите. Претходно, на владината седница на 3 октомври, Владата ги задолжи Општината Маврово и Ростуше и ЈУ Национален парк Маврово да ги отстранат сите помали и поголеми ѓубришта во близина или во населените места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката, но на вчерашната седница владините одлуки се поригорозни.

Владата на вчерашната седница го задолжила Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на Република Северна Македонија.

Истото министерство треба во рок од 3 месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата.

Директорот на Центарот за управување со кризи, пак, е задолжен да ја организира координацијата на активностите на институциите во спроведување на мерките, да организира и спроведува контрола над нивната имплементација како и да предлага нови мерки покрај донесените и препорачани од надлежните институции за создавање на услови за намалување на појавата на кафеава мечка во урбана средина.

Кафеавата мечка (Ursus arctos L.) е дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов. Единствено Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да дозволи лов на мечка како заштитен дивеч, доколку определена единка прави штети, но по претходно мислење на МЖССП. Мечката е и на Националната црвената листа на цицачи како ранлив вид.

Освен со националната, мечката е заштитена и со меѓународната легислатива, Директивата за живеалишта, Бернската конвенција и Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора, ратификувани од македонскиот парламент, кои имаат сила на закон.

Во земјава има долгогодишен недостиг на редовен мониторинг и отсуство на  соодветни мерки за управување со мечката и нејзините живеалишта, како и идентификацијата на можните конфликти со луѓето. Тука особено спаѓа несоодветното управување со комуналниот отпад и планирањето на превентивни мерки, но и навлегувањето и користењето на нејзините живеалишта и расположливоста на храна, како што е недостатокот на шумски плодови и диви овошки.

„Во многу земји во Европа е препознаен проблемот дека диви депонии и ѓубришта близу населените места, особено во руралните средини, нудат лесно достапен извор на храна, кои мечките зачестено го искористуваат. Ова подразбира и дека тие со време се навикнуваат на овие места, и стануваат „похрабри“, односно, помалку претпазливи од присуство на луѓе. Сето ова дава основа за потенцијален конфликт со луѓето и создавање на т.н. „проблематични“ мечки“, изјавија неодамна од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Претходно, жителите на Маврово и Ростуше, побараа да се прогласи вонредна состојба поради зголеменото присуство на мечки во населените места.

Поради голем број мечки, се бара прогласување на кризна состојба во Маврово

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...