fbpx

Поради голем број мечки, се бара прогласување на кризна состојба во Маврово

Кризната состојба ќе се побара со цел преземање на дополнителни мерки за заштита на населението, заштита на животот и имотот, а со тоа и обезбедување на уставно загарантираното право на секој граѓанин за безбедно, слободно и непречено движење

-

Советниците на општина Маврово и Ростуше во најкраток можен рок да организираат вонредна седница на која ќе се бара прогласување на кризна состојба на територијата на општината, поради сè почестата појава на кафеавата мечка во населените места.

Ова е денешниот заклучок од денешната средба во Маврови Анови, направена по иницијатива на ЈУНП „Маврово”, меѓу претставниците на месните заедници од Општина Маврово и Ростуше, претставници на МЗШВ, МЖСПП, градоначалникот и претставници на Советот, претставници на МВР, ЈПКД Маврово како и пратеничката во Собранието Белкиса Зекири.

Фото: Национален парк „Маврово“

„Кризната состојба ќе се побара со цел преземање на дополнителни мерки за заштита на населението, заштита на животот и имотот, а со тоа и обезбедување на уставно загарантираното право на секој граѓанин за безбедно, слободно и непречено движење и живеење на територија на целата држава“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук страницата на Националниот парк „Маврово“.

Од таму велат дека евидентна е намноженоста на кафеавата мечка, како на територијата на паркот така и на целиот потег на Шар Планина.

„Беше изнесен податок дека на територија на НП Маврово би требало да има 70-тина мечки, но во моментов врз основа на постоечките неофицијални податоци се проценува дека таа бројка е далеку поголема и изнесува од 130 до 160 единки. Претставниците на министерствата ја потенцираа потребата од почитување на постоечките закони како и обврските кои институциите ги имаат преземено согласно европските законски регулативи, и притоа се согласија дека состојбата мора да се третира и многу брзо да се дејствува како со носење на нови законски решенија, изготвување на акционен план и итно спроведување на дополнителни мерки за заштита и превенција кои ќе ја намалат опасноста по животот на луѓето“, се вели во соопштението.

Откако се утврдило дека е неопходно брзо дејствување и изнаоѓање конкретни законски решенија во случај на навлегување на диви животни во населените места, се донел заклучок со кој се повикуваат советниците на општина Маврово и Ростуше во најкраток можен рок да организираат вонредна седница.

Неизвесно останува какви препораки ќе имаат надлежните за оваа ситуација, ниту пак какви решенија би се нашле, со оглед на тоа што мечките се заштитени видови животни.

Пред само еден месец, мечка со две мали мечиња беа убиени и фрлени на депонија на влезот во селото Жировница. Стравувањата се дека ваквите случаи можат да станат сè почести, а одговорност да изостанува.

Мечка и две мали мечиња убиени и фрлени на ѓубриште во Жировница

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...