четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: кризна состојба | 41 резултати

Пожарот на Серта разгранет на три страни, во гаснењето се вклучи и армијата

јули 14, 2024

На падините на планината Серта има три активни пожари кои започнаа од еден ист пожар а сега се одвоени, информира Центарот за управување со кризи. Пожарот е сега разгранет во Општина Неготино во атарот на с.Калањево, во Општина Конче – селата Горни и Долни Липовиќ и Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце. Од Центарот […]

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

јули 14, 2024

Владата на вчерашната седница што се одржа доцна вечерта, како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите, донесе повеќе одлуки, меѓу кои и одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија. Периодот на постоење на кризна состојба ќе биде во траење од 30 дена. Со […]

Поради голем број мечки, се бара прогласување на кризна состојба во Маврово

септември 26, 2023

Советниците на општина Маврово и Ростуше во најкраток можен рок да организираат вонредна седница на која ќе се бара прогласување на кризна состојба на територијата на општината, поради сè почестата појава на кафеавата мечка во населените места. Ова е денешниот заклучок од денешната средба во Маврови Анови, направена по иницијатива на ЈУНП „Маврово”, меѓу претставниците […]

Преземањето со управување на системот за парно во Скопје е легално

септември 30, 2022

По проверка на законската регулатива може да се констатира дека постапките на Владата и одлуките на Економско-енергетскиот совет се целосно законски покриени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-енергетскиот совет при Владата, соопшти синоќа дека се донесени две клучни одлуки за претстојната сезона есен-пролет […]

Владата прогласи кризна состојба во енергетиката, претстои тешка зима

август 26, 2022

Владата прогласи кризна состојба во енергетиката која ќе стапи на сила на 1 септември и ќе важи 30 дена. На последната седница на Владата која се одржа вчера, беа донесени одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија […]

До крајот на неделава ќе се знае дали наставата ќе се одвива онлајн или со физичко присуство

јануари 26, 2022

Одлуката за започнувањето на наставата онлајн или со физичко присуство на учениците во второто полугодие ќе биде донесена на седница на Владата до крајот на неделава, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здраството, соопшти денес министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. „До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на […]

Владата го продолжи зимскиот распуст за учениците до 1 февруари

јануари 18, 2022

На вчерашната втора седница на Владата на РСМ е одлучено зимскиот распуст за учениците и средношколците од основното и средното образование да продолжи до крајот на месецов, а второто полугодие да почне на 1 февруари. Инаку, второто полугодие требаше да започне задутре. Одлуката за продолжување на зимскиот распуст е донесена на препорака на Главниот координативен […]

Банките ќе ги изгаснат светлечките реклами за да штедат струја

ноември 10, 2021

Македонската банкарска асоцијација (МБА) соопшти оти е донесена одлука во следните 30 дена, сите експозитури и седишта на нејзините членки – банки и штедилници – да ги изгаснат светлечките реклами. Одлуката е донесена по вчерашното прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор од страна на владата. „Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на […]

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена

ноември 9, 2021

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија. Одлуката ја соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата. Тој рече дека одлуката е донесена […]

Ќе биде прогласена енергетска криза, но нема да има рестрикции на струја

ноември 4, 2021

Прашањето за воведување на енергетска кризна состојба во земјава ќе се најде на следната владина седница во вторник. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде прогласена ваквата состојба, со цел да може да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании ЕСМ и МЕПСО, да се зголеми нивната ликвидност, за да може да […]

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите

август 5, 2021

Владата на Република Северна Македонија на денешната 95-та седница донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена, информираат од владината прес-служба. Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на земјава заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена […]

Пожари беснеат низ земјава, од утрово целосна забрана за движење во шумите

август 3, 2021

Од утрово во земјава стапи на сила целосната забрана за движење во шумските предели, а Владата апелираше до граѓаните да не се движат низ шумските предели заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Пожарот во Кочанско којшто беснееше вчера вечерта е локализиран и ставен под контрола. Пожарот и понатаму е […]

Ден на Првата пешадиска бригада- лани спречиле 1.400 илегални минувања на границата

април 2, 2021

Првата пешадиска бригада на АРМ само лани спречила 1.400 обиди за илегално минување на границата и извршила 300 поправки на заштитната ограда во реонот на Гевгелија, како дел од поддршката на полицијата во обезбедувањето на јужната граница, каде што од 2015 година трае кризна состојба поради бранот мигранти, главно од Блискиот Исток. Ангажманот на бригадата […]

Пендаровски нареди Армијата да се повлече од границите – Собранието не донесе одлука за продолжување на кризната состојба

април 1, 2021

Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница прогласена во врска со мигрантската криза заврши на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница, информираат од Кабинетот на претседателот. Поради тоа, претседателот Стево Пендаровски му наредил […]

Ковид центрите во Клинички центар-Скопје ќе се зајакнат со воено медицински персонал

ноември 30, 2020

Медицински персонал од Воено медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники при Клиничкиот центар во Скопје, каде има неколку ковид оддели, информираат од Министерството за здравство. „Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и […]

Владата прогласи кризна состојба во следните 30 дена

ноември 20, 2020

На вечерашната 23. седница, којашто се одржа видеоконференциски, Владата донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје поради пандемијата на ковид-19. Одлуката е на сила во следните 30 дена. Одлуката е донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со […]

Кумановскиот кризен штаб бара владата да воведе 14-дневен карантин во општината

април 14, 2020

Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок побара од владата да се воведе 14-дневен карантин, кој би траел 24 часа во периодот од петок, 17 април до понеделник, 4 мај. Оваа мерка е всушност барање за воведување кризна состојба, за која што денеска јавно говореше и градоначалникот Максим Димитриевски. Општинските власти сметаат дека […]

Укината кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, веќе 10 дена нема новозаразени

април 13, 2020

Изминатиов викенд заврши кризната состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, а владата на денешната седница одлучи истата да не се продолжи и да се укинат сите дополнителни мерки за овие две општини што беа на сила од 13 март, информираат од владината прес-служба. Од денеска во Дебар и Центар Жупа на сила […]

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

март 16, 2020

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“. Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните […]

Спасовски до Дебарчани: Верувајте, прогласувањето на кризна состојба е најдоброто решение

март 14, 2020

Бидете уверени дека ова е најдоброто решение. Ова е решение кое најбргу ќе даде резултат. Ве молам, да не се создава поголема паника. Воспоставен е организиран систем кој ќе ги покрие сите аспекти, им порача техничкиот премиер Оливер Спасовски на жителите на Дебар и Центар Жупа каде од вчера е прогласена кризна состојба поради 11 […]

Страна 1 од 2