fbpx

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

-

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“.

Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните на Србија никој не може да им го забрани движењето, изјави вчеравечер премиерката Ана Брнабиќ и само препорача домовите да се напуштаат по потреба, а фирмите, по можност, да организираат работа од дома.

Нема информации дека вонредната состојба во Србија предвидува обврска за јавните институции и препорака до приватните фирми да овозможат отсуство на еден од родителите во семејствата со деца до десетгодишна возраст, со оглед на затворањето на градинките и училиштата.

Веста дека Србија, со 48 регистрирани случаи на коронавирус, воведува вонредна состојба на територијата на целата држава ја наметна дилемата – дали таков потег треба да се преземе и во Македонија. Но, ако се види содржината со која е исполнета одлуката за воведување вонредна состојба во соседната земја, лесно се доаѓа до заклучок дека мерките преземени во Македонија, во одредени елементи, одат над нивото на мерките предвидени со вонредната состојба во Србија.

На пример, тоа што според македонското законодавство се нарекува кризна состојба, и во моментов е на сила во општините Дебар и Центар Жупа, предвидува значително построги мерки и ограничување на социјалната интеракција меѓу граѓаните за разлика од мерките со воведената вонредна состојба во Србија. Кај соседите тоа ниво на мерки не е предвидено во ниеден дел од земјата.

Целиот текст може да се прочита тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...