fbpx

Ќе биде прогласена енергетска криза, но нема да има рестрикции на струја

-

Прашањето за воведување на енергетска кризна состојба во земјава ќе се најде на следната владина седница во вторник. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде прогласена ваквата состојба, со цел да може да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании ЕСМ и МЕПСО, да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира во увозот на струја од странство.

„Рестриктивни мерки во моментот не се предвидени. Министерството за економија и сите институции вклучени во енергетскиот сектор постојано имаат состаноци и будно се следи состојбата на електроенергетскиот сектор во државата. Министерството за економија предложи до Владата, и во саботата беше донесена Уредба за начинот и критериумите за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор со цел да се усогласи со новиот Закон за енергетика“, изјави министерот Бектеши на вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на телевизија АлсатM.

Согласно Уредбата ќе може да се спроведат разни мерки, вклучително и Владата директно преку буџетот и институциите кои се директни буџетски корисници на средства, да интервенираат во енергетските компании ЕСМ и МЕПСО.

Денеска и утре ќе има средба на членовите на Комисијата предвидена во рамки на Уредбата за прогласување кризна состојба.

„Јас како министер за економија на првата владина седница, која е предвидено да се одржи во вторник, ќе и предложам на Владата да ја прогласиме кризна состојба во енергетскиот сектор“, кажа министерот Бектеши.

Тој потенцираше дека на состаноците со сите чинители во енергетскиот сектор ќе се направат анализи и точни пресметки колку финансиски средства ќе бидат потребни за да се трансферираат до енергетските компании.

„Ве уверувам дека Владата има средства за да интервенира и во зависност од потребите на енергетските компании, толку средства ќе се пренесат директно од буџетот“ потенцираше министерот Бектеши во своето гостување во АлсатM.

Инаку, веќе донесената Уредба од страна на Владата на 30 октомври предвидува исклучување на сите светлечки реклами, минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти, намалување на осветлувањето на излозите до минимален сигурносен обем на осветлување, како и забрана за употреба на електрична енергија за дополнително загревање на деловни и службени простории. Уредбата веќе е објавена во Службен весник на РСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...