fbpx

Локални избори: Чекори наназад за женската застапеност, дали квотите се решение за овој проблем?

-

Иако родовата еднаквост е на агендата и „приоритетите“ на политичките партии, сепак не може да се каже дека истото се спроведува во пракса. Ова го покажуваат резултатите од локалните избори годинава, при што само две жени успеаја да победат за да ги водат општините, пишува Порталб.мк.

Застапеноста останува под минимумот, и дали ова значи дека треба да се постават загарантирани квоти за женските кандидатури во општините?

Голем дисбаланс е забележан кај кандидатите за градоначалници во 81 општина на овогодишните локални избори, само 25 од 299 кандидати беа жени или само 8 отсто од вкупниот број.

Уште поскандалозен е бројот на жени кои го добија мандатот како први во општината; од 25 жени кандидати само две успеаја да ја добијат битката и да излезат како победнички како градоначалнички, Данела Арсовска на чело на Град Скопје и Жаклина Јовановска на чело на општина Старо Нагоричане.

Оваа родово негативна распределба на градоначалничките мандати во вториот круг доаѓа откако во првиот круг од локалните избори, ниту една жена – кандидатка за градоначалничка не успеа да биде избрана на чело на некоја од општините во земјата.

Пранвера Касами, раководителка на Институтот за лидерство и јавни политики за Порталб.мк рече дека од очајната застапеност на жените во трката за градоначалнички не се ни очекуваше дека пост-изборната реалност ќе биде подобра отколку што всушност резултираше со 2 градоначалнички.

„Толку комплексно општество со толку комплекси не може да се очекува да биде природно реформаторско, туку реформите мора да бидат диктирани од позитивно -дискриминаторски закони. Мислам дека би било доволно со законско наметнување на најмалку 30 отсто застапеност на жените на највисоките одлучувачки позиции на ниво на локална самоуправа, како градоначалнички, а зошто не по некое време оваа квота да се зголеми на 50 отсто, што ќе биде во согласност со родовите демографски соодноси во општеството од приближно 50-50. За да придонесат кон ова, главната улога треба да ја одиграат невладините организации кои работат на прашања за родова еднаквост, преку застапување во правец на менување на таквите државни политики“, рече Пранвера Касами.

Директорот на Democracy Lab, Сефер Селими за Порталб.мк рече дека застапеноста на жените во политиката на водечките извршни функции, вклучително и функцијата градоначалничка, е одраз на развојот на едно општество и политичката зрелост на истото.

Овој предизвикувачки резултат е последица на фактот што во земјава нема квоти за рамномерна родова застапеност на градоначалниците. Со само две избрани градоначалнички оваа година, Северна Македонија го постигна вториот неславен резултат по локалните избори од 2009 година, на кои ниту една жена не беше избрана за градоначалничка во македонските општини.

„За жал, кај нас, за разлика од повеќето земји со развиена демократија, мора да се наметнат механизми кои обврзуваат минимална застапеност на жените во политиката, како што се квотите за застапеност во листите за пратеници и општински советници. Мора да се движиме кон автентично и нормално вклучување на жените во политиката и тоа не може да се постигне само преку механизми за наметнување, туку преку создавање на охрабрувачка средина, првично во нашето општество и политичките партии“, рече Сефер Селими.

Според законот, најмалку 40 отсто од листите за советници во општинските совети мора да се жени, но што се однесува на кандидатурата за градоначалници, во законите нема родови квоти. Ситуацијата е поинаква каде што има квоти, како во советничките листи. На овие локални избори 55 отсто од кандидатите за советници беа мажи, а 45 отсто жени.

Досегашниот резултат од двата круга на локалните избори годинава е полош од пред четири години кога во локалните самоуправи во земјава шест кандидатки беа избрани за градоначалнички.

Во Северна Македонија на изборите во 2017 година, од вкупно 81 општина во државата, беа избрани шест градоначалнички. Од 20 позиции во Владата, само четири ги раководат жени. Од независноста, никогаш немало жена на ниту една од највисоките политички функции, како претседателка, премиер или претседателка на парламентот.

Инаку, родовата еднаквост останува еден од главните глобални предизвици, вклучително и во Република Северна Македонија, при што земјата низ годините очигледно се обидуваше да го реши овој проблем. Македонија во последните 30 години беше и продолжува да биде земја на промени на политички план.

Сепак, транзицијата што следеше по независноста во 1991 година радикално го промени социјалниот статус на граѓаните. Да потсетиме дека учеството на жените во политиката е признаено како човеково право неопходно за глобален напредок. На глобално ниво, ова право првпат се призна во 1956 година и се гарантира со Универзалната декларација за човекови права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...