Извор на фотографија: Претседател на РСМ

Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница прогласена во врска со мигрантската криза заврши на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница, информираат од Кабинетот на претседателот.

Поради тоа, претседателот Стево Пендаровски му наредил на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски да ги повлече војниците од јужната и северната граница.

„Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од ковид-19. Доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза на јужната и северната државна граница, врховниот командант на вооружените сили повторно ќе и нареди на Армијата да ги извршува досегашните задачи,“ се вели во соопштението.