fbpx

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена

-

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.

Одлуката ја соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата. Тој рече дека одлуката е донесена врз основа на процената на Комисијата дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

„Според доставениот извештај се процени дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електричната енергија. Ваквата проценка на ризици се темели на неколку основи: заради капацитетите на домашното производство но и заради зголемените цени нао странските берзи“, рече Бектеши.

Тој порача дека единствена мерка која произлегува од оваа одлука за прогласување на енергетска криза е да се вбризгуваат финансиски средства во енергетските компании се со цела да се стабилизира состојбата на пазарот со електрична енергија.

„Како влада во моментот сме фокусирани на успешно справување со предизвиците настанати од глобалната енергетска криза. Повторувам дека донесуваме кризна состојба се со цел да го подобриме работењето на енергетските компании, да се зголеми нивната ликвидност а никако да донесеме рестриктивни мерки што би влијаеле негативно на секојдневниот живот на граѓаните“, уверува Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...