fbpx
Таг: Маврово

таг: Маврово

Мапирани и снимени 42 депонии во Националниот парк Маврово

Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот „Тритон“ од Ростуше, во соработка со НВО „Инфоцентарот“, ги мапираше дивите депонии во Долнореканскиот крај, се со цел, за да се обелодени и актуелизира сериозноста на повеќедеценискиот проблем со дивите депонии во Националниот парк Маврово. Со помош на локалното население од 11 села (Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште, Видуше, Жировница, Врбјане,...

Националниот парк „Маврово“ објави фотографија од рис, „уловен“ со фотозамка

Националниот парк „Маврово“ објави фотографија од рис направена со помош на т.н. „фотозамки“, во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис кој се реализира во соработка со Македонско еколошко друштво. Во врска со заштитата на балканскиот рис на подрачјето на Националниот парк „Маврово" лани беше направен акциски план кој ќе се спроведува до крај на 2020 година. Главната цел на...

Прирачник за борба против малите ХЕЦ и за спас на македонските реки од „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“

„Инспирирајте се од приказната за Националниот Парк Маврово и зачувајте ги последните диви и слободни реки во Европа!“ Ова е пораката која екологистите собрани околу иницијативата за спас на најстариот национален парк во Македонија – НП Маврово од изградба на хидроцентрали во заштитените подрачја со ретка природна убавина, „Фронт 21/42“, „Еко-свест“, како и германските фондации „Еко-воч“ и „Еуронатур“ им...

Владата ја стопира ХЕЦ Жировница 3, жителите велат дека нема да дозволат изградба ниту на другите две мали ХЕЦ

Владата ја поништи постапката за доделување на концесија за хидроцентралата Жировница 3 во Националниот парк Маврово. Ова е една од трите концесии, кои Владата вчера одлучи да не ги додели, додека на истата седница додели дури 18 концесии за изградба на други мали хидроцентрали во земјата. Овој потег на Владата следува откако во јануари годинава Министерството за животна средина објави...

СТЕП: Туристички пакети за природните и културни вредности на Македонија и Албанија

На заеднички состанок во селото Јанче, партнерите во Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) ги договараа туристичките пакети што ќе се нудат заеднички во северозападна Македонија и во регионот Елбасан во Албанија. Учесниците од Албанија на средбата во комплексот „Туто“ во живописното село во општина Маврово - Ростуше, кој исто така е член на мрежата на СТЕП, претставија неколку...

Лавина од снег го блокираше патот Маврово – Дебар

Поради лавина од снег сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива наизменично по една коловозна лента. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека лавината се наоѓа кај местото викано „Врбјанска раскрсница“ и оти се појавила околу 13.20 часот Ова е втор пат овој патен правец за кратко време да го блокира лавина. Пред извесно време лавина со снег имаше кај Бигорскиот...

Снежните врнежи до понеделник ќе престанат, најмногу наврнало на Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Забрана за движење на тешки товарни возила има...

Во селските хостели во Гостиварско гостите редовно остануваат подолго од планираното

Во селските хостели во Гостиварско, се случува феномен: гостите честопати остануваат подолго од планираниот датум. Ни изгледаше неверојатно, па решивме самите да провериме. Денот е петок, за некого почеток на викенд, а за некого почеток на најзафатен период од седмицата. Ние одиме воресторанот„Тивко катче“, чија традиција датира повеќе од половина век. Откако ја поминавме реката Вардар, од лева страна на...

Турнати две статуи на народни херои во Маврови Анови

Засега непознати лица турнале и ничкосале две статуи на народни херои од Втората светска војна во Маврови Анови, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Случајот вчера го пријавил 74-годишен маж во Полициското одделение Маврово. Турнати биле статуите на народните херои Чеде Филипоски и Злате Малакоски. Полицијата вели дека се врши истрага.

Најмногу снег во Лазарополе и Маврово

Врнежите од снег ноќеска во некои делови од земјава оставија снежна постилка утрово, соопшти Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Висината на снежната покривка изнесуваше 1 сантиметар во Дебар и Скопје – Петровец, 2 во Претор и Крива Паланка, 4 во Крушево и Пожаране, 5 во Маврово и Ѓуриште и 7 сантиметри во Лазарополе. Изутринава снег со послаб интензитет паѓаше во Пожаране...

Три пожари активни во Маврово, повторно гори и кај манастирот Трескавец

Три шумски пожари се активни во националниот парк „Маврово“.Најголем и со фронт на ширење од над седум километри е пожарот во реонот на Аџина Река на Шар Планина, а пожар има и во близина на караулата „Победа“ и месноста Стрезимир. Во овој пожар досега се изгореле околу 300 хектари високо планински пасишта и стебла на смрека, ела и молика. Во...

Изгаснат пожарот кај Рибница, но се уште гори кај Аџина Река

Изгаснат е еден од двата пожара во националниот парк „Маврово“, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување, додавајќи дека другиот пожар се уште е активен. Вработени во паркот се на терен, но засега нема информации како оди справувањето со вториот пожар. Од Дирекцијата соопштија дека вчера околу 13 часот бил забележан чад и оган во атарот на Рибница и на...

Општина Маврово – Ростуше им наплаќа на викендичките за чистење снег

На сопствениците на викендички од Маврово почна да им се наплаќа и за чистење снег, надоместок кој е дел од сметката на Јавното комунално претпријатие на Општина Маврово - Ростуше. Покрај вообичаените пресметки за вода и за ѓубре, додадена е нова - за чистење снег, во износ од 600 денари. Сопствениците сметаат дека чистењето на снегот е обврска на локалните...

Еколошка катастрофа: Пластични шишиња и отпад го покрија Дебарско Езеро

На Дебарско Езеро му се заканува еколошка катастрофа. Целата површина е покриена со пластични шишиња и отпад, барем според она што може да се види од фотографиите што ги испрати активистот за заштита на животната средина, Гоце Љубиноски. - Фотографијата од загаденоста на Дебарско Езеро е направена денеска. Утре ќе имаме состанок во нашето друштво, а во наредните денови за ова...

Градежен работник загина во Маврово

Градежен работник загина вчера во Маврово откако паднал од петиот кат од зградата на која работел. Полицијата соопшти дека вчера околу 10.40 часот во Маврово, при работа на изградба на нов објект односно поставување на плоча, од петтиот кат паднал Џ.Ш. (47) од село Добри Дол-Гостиварско, вработен во АДГ„Пелагонија“, при што починал на самото место. Увид извршила екипа од Полициската станица...

Украден пиштол, ловечки нож и евра во куќа во село Трница

Шеесет и тригодишниот А.П. од мавровското село Трница вчера околу 19,15 часот во полиција пријавил дека ограбен му е домот. Непознато лице користејќи ја балконската врата упаднал во неговата куќа, при што одзел пиштол „застава ЦЗ-99“ со полна рамка, еден ловечки нож и 1.700 евра. Краадецот заминал во непознат правец, а полицијата презема мерки за за пронаоѓање на сторителот и целосно...

Забранет сообраќај за товарни возила на Стража и на Маврово

Поради интензивните врнежи од снег, превентивно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на Маврово, соопштуваат од АМСМ. Сообраќајот на другите патишта во земјава се одвива непречено, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозот на повисоките планински места. Вржени од снег, со слаб интензитет се регистрирани во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен,...

Во Маврово наврна најмногу снег 12 сантиметри

Најмногу врнежи од снег денеска до 13 часот и 30 минути има во Маврово, 12 сантиметри, потоа во Пожаране 10, Лазарополе 7 и Крушево 1 сантиметар, се вели во соопштението на УХМР. До крајот на денот, во Македонија ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, а во западните делови на планините со врнежи од снег и натамошен пораст...

Турски државјанин исчезна во водите на Мавровско езеро

Во водите на Мавровско езеро попладнево исчезнал маж, а специјализирани екипи на МВР пребаруваат по дното на брегот во близина на месноста Бунец. Се претпоставува дека се работи за државјанин на Република Турција на возраст од околу 60 години кој бил на излет. Попладнево тој со уште еден излетник запливале во езерото. Во еден момент,исчезнатиот почнал да тоне и се обидувал...

Невладините од Дебар бараат Маврово да се прогласи за зона под заштита на УНЕСКО

Здружението Центар за оддржлив развој на заедницата – Дебар заедно со граѓанскиот сектор на Дебар и Реканскиот крај, преставници од здруженијата од дијаспората, преставници од еколошките здруженија „Еко-свест“, „Фронт 21/42“ и „МЕД“ од Скопје се целосно против спроведувањето на било каков проект во атарот на Националниот парк „Маврово“. Тие решително се спротивставуваат на идејата за изградба на хидроцентралите „Луково поле“,...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...