fbpx

Гостивар, Маврово и Попова Шапка стануваат ПИП Центри за туристички развој

-

Во Гостивар, Маврово и Попова Шапка ќе се стават во функција ПИП (паметни, инфо и промо) центри за туристички развој. За нивно опремување се вложени 6.437.054 денари (104.000 евра) во рамки на Полошкиот плански регион, а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Тие треба да овозможат полесен пристап до информации и развој на туризмот во овој регион, зголемување на вработувањата како и инвестициите, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

„Трите нови вмрежени ПИП Центри што ќе бидат во функција во Гостивар, Маврово и Попова Шапка ќе работат и нудат услуги засновани на централна дигитална платформа, базирана на стандардизирани работни процеси и ќе собираат податоци за однесувањето и преференциите на туристите, трансформирајќи ги во информации и знаење за ефикасно опслужување“, појасни министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Според него, најуспешен начин за подобрување на туристичката понуда е директна, лице-в-лице комуникација со туристите, а тоа е можно и преку дигитална платформа за размена на податоци во реално време за посетителите на туристичкото место. Проектот директно засега околу 176 илјади граѓани од овој регион.

„Трите ПИП центри се поврзуваат со дигитална платформа која ќе биде ажурирана со најнови податоци за туристички, авантуристички, угостителски, хотелски, музејски и сличен вид на податоци, придружени со маркетинг и промотивни материјали, како и обуки за опслужување, односи и комуникација на службениците кои ќе бидат вработени во центрите“, рече Милевски.

Тој рече и дека со овој проект ќе се зголеми бројот на инвестиции преку стартап иницијативи за околу 6 проценти од вкупната туристичка понуда, ќе се зголеми вработеноста во регионот за 1 до 2 процента во првите 18 месеци, како и бројот на туристи до 12 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...