fbpx

Анима Мунди: Институциите да најдат решение што нема да предвидува отстрелување на мечките во Маврово

Активистите сметаат дека таа се појавува во населените места поради очигледната неможност да се прехрани во своето природно живеалиште заради човековото влијание и уништување на шумските предели заради што бара лесен начин да дојде до храна кај човекот, кантите за отпадоци и дивите депонии

-

Граѓанската организација за заштита на животните Анима Мунди денеска повика надлежните иснтитуции да најдат решение за зачестената појава на кафеава мечка во селата во Националниот парк Маврово, што нема да резултира со убивање на животните. Од таму посочуваат дека мечката е важен и витален дел од националните паркови т.н. инжињер на екосистемот. Таа го одржува балансот во екосистемот и ја зголемува вегетацијата во шумите.

Активистите сметаат дека таа се појавува во населените места поради очигледната неможност да се прехрани во своето природно живеалиште заради човековото влијание и уништување на шумските предели заради што бара лесен начин да дојде до храна кај човекот, кантите за отпадоци и дивите депонии.

„Наместо надлежните институции со доза за сериозност да пристапат кон овој проблем, да се консултираат со експерти на оваа тема и да најдат безболно решение кое не вклучува смрт, натежнуваат кон масовно убиство на повеќе од половина од популацијата на мечки во нашите национални паркови – мерка која нема да доведе до никаков резултат бидејќи нема да ја исклучи можноста останатиот дел од мечките да гравитираат повторно низ населените места за лесен пристап до храна од кантите за отпадоци и дивите депонии,“ посочуваат од Анима Мунди.

Тие велат дека незаинтересираноста на надлежните институции чија заштита на овие и сите диви животни постои само на хартија, била причина што неодамна беа убиени три мечки на дива депонија обидувајќи се да се прехранат, а се сомневаат дека трендот ќе продолжи откако по неодамнешната средба на надлежните институции со жителите на Маврово меѓу редови било навестено дека се планира отстрел на кафеавата мечка бидејќи претставува закана за населението.

„Отстрел, убиство на диви животни не смее и нема да биде предлог на маса за решавање на овој проблем наместо наметнување мерки на населението и комуналните служби, преземање дејствија за редовно чистење на отпад и прихранување на мечките. Обука на населението како да се заштити и превенира, коегзистира со дивите животни што е пракса во секоја цивилизирана држава со развиена свест. Кафеавата мечка е диво животно со највисока заштита во законот и предупредуваме дека така треба и да остане“, велат од Анима Мунди.

На вчерашната прес конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов посочи дека во Маврово, но и во други делови на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка. Тој рече дека во понеделник ќе се состане групата за процена која ќе донесе заклучок дали се исполнети законските услови за прогласување кризна состојба, како што бара општината Маврово и Ростуше.

„Наша цел не е отстрел на овие животни. Ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето. Тие претставуваат голема опасност по животот и здравјето на граѓаните, бидејќи се работи за живи села, каде што има мали деца и неколку основни училишта, каде што децата одат на училиште, притоа се движат сами. Вообичаено селските улици се многу тесни и при несакана средба со мечка, дури мечката и да нема намера да нападне, би претставувала огромна опасност за жителите. Во самото село во повеќе наврати мечки влегуваат во куќите да бараат храна“, рече Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...