fbpx

Њујорк прогласи вонредна состојба заради поројни дождови и поплави

Многу од градските подземни системи, улиците и автопатите се под вода, а најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во петокот пред подоцна повторно да биде отворен.

-

Во Њујорк e прогласена вонредна состојба поради силно невреме со поројни дождови кои предизвикаа поплави. Многу од градските подземни системи, улиците и автопатите се под вода, а најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во петокот пред подоцна повторно да биде отворен.

„Ова е невреме опасно по живот. Прогласувам вонредна состојба низ Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон поради екстремните врнежи што ги гледаме низ целиот регион “, рече гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.

Таа ги повика граѓаните да се заштитат и да не се обидуваат да патуваат по поплавените патишта. Вонредна состојба беше прогласена и во градот Хобокен во Њу Џерси, веднаш преку реката Хадсон.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, ги предупреди луѓето дека некои од линиите на подземната железница се поплавени и е исклучително тешко двиењето низ градот. Тој во петокот вечерта информира дека дотогаш биле спасени 15 лица заглавени во автомобили и тројца во подрумски станови.

Во Мамаронек, предградие на округот Вестчестер северно од градот, службениците за итни случаи користеле сплавови на надувување за да ги спасат луѓето заробени во зградите од поплави, објави Ројтерс.

Сликите и снимките покажауваат луѓе како минуваат низ вода која достигнува до колена, а видеа објавени на социјалните мрежи прикажуваат вода како излева од таваните и ѕидовите на метро станиците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...