ЦУК: Забрана за товарни возила oд Дебар до Маврово, без струја се Врапчиште и Лазарополе

„На подрачје на СВР Охрид има забрана за тешки товарни возила само на патниот правец Дебар-Маврово. Сите останати патни правци се во ред“, информираат во ЦУК

-

Патниот правец Прилеп – Македонски Брод (превој „Барбарас“) има забрана за возила потешки од 3 тони, a регионалниот пат Прилеп – Витолиште (Мариово), не е исчистен и е прооден само за теренски возила, информира Центарот за управување со кризи. Снегот кој паѓаше ноќеска на територија на државава, без електрична енергија ги остави селата Врапчиште, како и Лазарополе. ЕВН е на терен и работи на поправање на дефектите.

„На подрачје на СВР Охрид има забрана за тешки товарни возила само на патниот правец Дебар-Маврово. Сите останати патни правци се во ред“, информираат во ЦУК.

Согласно последните информации на ЦУК Штип, сите магистрални регионални локални патишта се исчистени и се проодни за сообраќај, а во моментов вршат дополнителна контрола на некој од локалните патишта во реонот на Плачковица.

РЦУК Куманово, известува дека на територијата што ја покрива РЦУК-Куманово на сите магистрални, регионални и локални патни правци се проодни, сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. Во моментот немаме информации за непроодни локални патни правци во планинските места.

РЦУК Струмица, известува дека сообраќајот по магистралните, регионалните и локалните патишта се одвива по чисти коловози. Единствено отежнато се одвива на патниот правец Струмица-Берово.

РЦУК Охрид, известува дека сообраќајот се одвива редовно во зимски услови и влажни коловози. Сите патни правци се проодни за сообраќај.

РЦУК Скопје, известува дека по остварените телефонски контакти со ЈП Македонија пат и со одговорните лица од општините Чучер Сандево, Сопиште, Бутел, Сарај, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково и Студеничани добиени се информации дека по синоќешните врнежи од снег нивните служби излегле на терен и во текот на ноќните часови биле исчистени и посолени сите патни правци во нивна надлежност. Според тоа, до овој момент, на територија на РЦУК Скопје нема информација за непроодни патни правци.

РЦУК Тетово, известува дека од 06:00 часот се укинува забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево. Патниот правец кон с.Лукавеца ЕЛС Желино е непрооден, a луѓето се извлечени и се во своите домови.

 

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

Федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги „одмрзне“ средствата за стотици организации

Федерален судија ѝ нареди администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги „одмрзне“ средствата за стотици странски организации кои тврдат дека биле негативно погодени од 90-дневното целосно замрзнување, објави Ројтерс. Оваа...

„Мечиња за дечиња“ – уметничка акција за заштита на личните податоци и за лажни вести

Уметничката акција „Дечиња за мечиња“ беше изведена денеска, петок, 14 февруари, во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром. Акцијата на уметницата Маја Танева и Центарот за современи уметности е посветена на...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради...